АКТИВНА ПРОДАЖБА

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Team Building & HR Networking

Целта на семинарот е учесниците да ги совладаат методите на вмрежување и примена на односите со јавноста во рамките на промотивните активности на претпријатијата и организациите, учесниците да научат да ги применат комуникациските вештини за остварување на комерцијалните цели и да се користат како алатка за активна продажба.

На семинарот ќе се претстават техники и стратегии за воспоставување активен продажен однос со потрошувачот/клиентот, влијание во процесот на донесувањето одлука за купување,водење тешки деловни разговори, но и успешна комуникација и вмрежување во конкурентно деловно опкружување.

Семинарот „Активна Продажба„се реализира во два дела/модули:

1. Методи и канали на вмрежување и продажба – инструктор: Катерина Вељановска Блажевска
2. Вештини на презентирање и преговарање – инструктор: Тони Анев

повеќе информации за инструкторите на линкот: http://www.cosmoinnovate.com.mk/za_nas.html#%D0%A2%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%...

КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?

Семинарот се организира како интерна обука - тим билдинг и вмрежување на човечките ресурси од продажниот и комерцијалниот сектор во организациите, со прилагодена програма на реализација. Можат да се пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост но и фондации, граѓански и непрофитни организации. Менаџмент Клуб КМБ е отворена платформа за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите.

Маркетингот во малиот бизнис е многу посложен од изборот на дизајн на визит картичката и неколу реклами на социјалните мрежи или адресар-именици. Добро подготвен web сајт и негова промоција на пребарувачи е добра основа за информирање на потенцијалните клиенти за вашите услуги и производи. Но, активната продажба е акцијата која ќе доведе до директен контакт со клиентите и купувачите, продажен разговор, склучување договор и профит.

Ако целта е да ја проширите вашата база на клиенти и се запознаете со нови луѓе, користете активен маркетинг, како што е продажен настан, јавен настап или форум за да воспоставите кредибилитет на бизнисот.

Програмата се реализира во два модула: интензивна викенд (петок-недела) тим билдинг програма или класична програма со 8 предавања по 120 мин.

----------------------------------------------------------------------

Пријавување учество на семинарот на линкот „ПРИЈАВИ СЕ„ или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Premium членови на Комората на Мал Бизнис.

КОТИЗАЦИЈА: 69.000,00ден.

  1. Петок, Мај 18, 2018

    Семинарот се фокусира на следните теми:

    1. Методи и канали на вмрежување и продажба

    - Влијание врз однесувањата на потрошувачите (односи со клиенти и купувачи)

    - Креирање пораки, изградба на имиџ и брендирање

    - Изработка на комуникациски план

    - Техники на односи со јавноста за освојување на пазарот

    2. Вештини на презентирање и преговарање

    - Интерперсонално однесување (вербална, невербална комуникација, наклонетост)

    - Потребите како двигатели на човековата активност (мотивација на купувачи)

    - Циклус на продажба (презентација, преговарање, реализација)

    - Менаџирање на пречки во продажбата и стрес менаџмент

05/18/2018 to 05/20/2018
Add to Calendar