Греење со Биомаса

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Избор на котли и пресметка на системи за греење

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија, Групација за производство, продажба, одржување и монтажа на котли и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар за котли и пресметка на системи за Греење со Биомаса , кој ќе се организира на 12 Мај 2018 година.

Семинарот е промотивен за претстојната обука за Енергетски Менаџери 2018 - https://goo.gl/LLiuVo
ЕУРЕМ промотивно видео https://youtu.be/yDwAI97oqxs

Целта на семинарот е зголемување на капацитетите на претпријатијата кои се занимаваат со производство, продажба, одржување и монтажа на котли за подготовката на релевантни технички проекти придружени со соодветна методологија за економска анализа на финансирањето е услов за пристап до соодветните фондови.

Проектите за оптимизација, мерки за заштеда и енергетска ефикасност на системите за греење во деловниот и резиденцијалниот сектор се еден од приоритетите за поддршка од финасиските институции во земјите на Западен Балкан.

Со Акционата Програма за Енергетска Ефикасност 2017-2018 на ЕУРЕМ МК за Владата на РМ планирано е изработка на Закон за Енергетска Ефикасност од септември 2018 год. во кој согласно Directive (EU) 2015/2193 за ограничување на емисиите на одредени загадувачки материи во воздухот од постројки за согорување за употреба на териоторијата на РМ предвидено е сертифицирање на котлите на биомаса за резиденцијална и индустриска намена.

Во Комората на Мал Бизнис иницирана е Групација за производство, продажба, одржување и монтажа на котли за резиденцијално и затоплување на административни и индустриски објекти наменети за домашниот и пазарите во земјите на Западен Балкан. Изработката на котлите во Македонија се организира во соработка со компаниите на Групацијата на металопреработувачи во Комората. Повеќе за групацијата на линкот http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B...

----------------------------------------------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство on-line на линкот „Пријави се„ или со пополнување на пријавата дадена на линот „СНИМИ ПРИЛОГ„, која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901 Котизацијата за учество е со 10% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис. Групација за производство, продажба, одржување и монтажа на котли и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“ при Стопанска Комора на Мал Бизнис бул.Јане Сандански 113 1000 Скопје тел. (02) 244 8077, 070 223 686 info@sbch.org.mk www.sbch.org.mk

КОТИЗАЦИЈА: 2.900,00ден.

  1. Сабота, Мај 12, 2018

    Tехнологијата за греење
    - пресметка за топлинското оптоварување
    - годишни барања за енергија за греење

    Преглед на системите за греење
    - области на системот: производство на топлина, дистрибуција, испорака
    - пренос на топлината: вода, воздух, пареа
    - процесна топлина

    Избор на печка и котел на биомаса
    - видови на котли, ефикасност, системи на согорување
    - технологија на грејна вредност
    - бафери, хидраулична шема

    Систем за испорака на топлина
    Дистрибуција на топлина
    Соларна енергија и биомаса

    Пример

    објаснување на пример
    пресметка на ефикасноста на котелот, производство на енергија