ДЕЛОВНА ОРГАНИЗАЦИЈА И ФИНАНСИИ

Општа правна, финансиска и кадровска HR администрација

Целта на семинарот е учесниците да ја подобрат организацијата на финансиска, општа и правна документација и планирање на човечките ресурси во своите претпријатија и компании. Практична примена на прописите од сферата на работните односи, финансии, општи и правни работи, архивско работење, организација на канцеларија и човечки ресурси придонесува за подигање на професионалната компетенција на одговорните за финансиска и административна организација.

На семинарот „Деловна организација и финансии„ Г-ѓа Ирена Крстевска, DDV Consulting низ практична работа со документи ќе ги разработи функциите на трговските друштава од организациски и економско-правен аспект и со ценетите гости ќе се разменат искуства и воспоставена пракса во одделите на човечки ресурси, финансии, сметководство, деловни секретари/администрација во своите компании и организации.

КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?

Семинарот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување деловни контакти. Можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост но и приватни лица. ProExcellent е сертифицирана тренинг програма за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите.

Семинарот ќе се одржи во пет предавања (вторник) од 17.30 - 19.30 часот, во Скопје.

Пријавување учество на линкот „ПРИЈАВИ СЕ„ или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077. Котизацијата за учество е со 10% попуст за два и повеќе пријавени од иста организација. и можност за плаќање на 2 месечни рати.

КОТИЗАЦИЈА: 5.400,00ден.

  1. Вторник, Ноември 13, 2018

    администрација на човечки ресурси:

    месечна пресметка на плата: основна плата, пресметка од бруто кон нето и од нето кон бруто, боледување, надоместоци на трошоци поврзани со работа(дневници за службени патувања, користење на сопствено возило за службени потреби) , пријава и одјава на работници - пријавување социјално осигурување (М1), одјавување социјално осигурување (М2) , договори за вработување М1/М2,

    финансии:

    контрола и комплетирање на сметководствена документација , проверка на формална, материјална и пресметковна исправност на документите, финансиски картици, извештаи, водење благајна, изготвување на фактури и основни финансиски документи, пресметка на даноци, водење на книги на влезни/излезни фактури

    општа правна документација:

    конфирмација на документи и архивска евиденција - водење деловодник, примање и издавање документи, стандарди и прописи, примена на правила на евиденција, дописи, известувања, одлуки, подготовка на распоред на работни активности

11/13/2018
To event remaining 1 day
Add to Calendar