Енергетски инжинеринг

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

енергетски менаџмент согласно ISO50001

За оценување на мерките во однос на нивната техничка ефикасност, еколошките ефекти и, во исто време, економичното користење на енергијата, треба да се изврши економска анализа со цел да се утврдат комерцијално економските предности.
Комерцијално економската корист е само еден критериум меѓу другите важни стандарди, како што се компатибилност со животната средина, национално економска евалуација или безбедност на снабдувањето. Затоа, вторите критериуми мора да влијаат на одлуката, во случај неколку инвестициски алтернативи да водат до еднакво комерцијално остварливи мерки.

Приоритетни проекти се реконструкција на објектите во комерцијалниот сектор (деловни и индустриски објекти) и јавна администрација во „Одржливи Енергетски Објекти„ независни од фосилните горива и надворешно електрично напојување , минимални енергетски загуби и без емисија на CO2 (carbon free).

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар за Енергетски Менаџмент , која ќе се организира на 12 Јануари 2019 г.

УЧЕСНИЦИ

На настанот може да се пријават сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти на заинтересираните претпријатија кои нудат енергетски услуги и опрема за енергетска ефикасност од една страна, и коминтентите од деловниот и јавниот сектор и финансиските институции.

Се повикуваат за учество и останати институции, организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на проекти за одржлив развој, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и/или подготовка и реализација на институционална рамка за политиките на одржлив развој и енергетска ефикасност.

Енергетскиот инженеринг и менаџмнет опфаќа проекти за енергетска ефикасност, енергетски услуги, управување со објекти, индустриски инженеринг, животната средина и усогласеност со алтернативни енергетски технологии Енергетскиот инженеринг е една од поновите инженерски дисциплини. Енергетското инженерство ги комбинира знаењата од областа на физиката, математиката и хемијата со практики од економијата и инженерство на животната средина. Инженерите во енергетиката (енергетски менаџери) ги применуваат своите вештини за зголемување на ефикасноста и понатамошно развивање на обновливи извори на енергија. Главната работа на енергетските инженери е да ги најдат најефикасните и одржливи начини за управување со објекти и производни процеси. Енергетските инженери (менаџери) ја ревидираат употребата на енергија во тие процеси и предлагаат начини за подобрување на системите. Ова значи сугерирање на напредно осветлување, подобра изолација, поефикасно греење и ладење на објектите.

EUREM (Europeam Energy Manager)

ЕУРЕМ МК промотивно видео https://youtu.be/yDwAI97oqxs
ЕУРЕМ обука https://www.sbch.org.mk/povici/%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D0%BE%D0%...

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Пријавување учество на семинарот се врши со пополнување на пријавата дадена на линкот СНИМИ ПРИЛОГ која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk Контакт тел. 070 223 686, (02) 244 8077. Котизацијата за учество е со 10% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис.

КОТИЗАЦИЈА: 3.850,00ден.

  1. Сабота, Јануари 12, 2019

    Теми кои ќе се обработат на семинарот:

    - Технологијана мерење и регулација

    • Основни функции на регулирањето
    • Компоненти
    - Теренски инструменти
    - Видови на системи за контрола
    - DDC и PLC станици, Контролни станици

    • Вмрежување на системите за контрола
    - Контролни јамки
    - Контролни параметри
    - Дијаграм за регулирање
    - Контролни струјни кола

    Load Management (Управување со оптоварувањето)

    • Основен концепт
    • Максимално оптоварување
    • Воспоставување на потенцијал за исклучување
    • Прилагодливи корисници на енергија
    • Максимално оптоварување што може да се избегне
    • Конфигурација на системот
    • Трошоци и пресметка на ефикасноста на трошоците