Енергетски Менаџмент Системи (EnMS)

Регулатива и реализација во јавна администрација и приватен сектор

Организациите мораат енергијата да ја купуваат на слободен пазар. Договорите за снабдување бараат планирање на потребите за иден период.
Без познавања на енергетските текови и функционалности внатре во самата организација, невозможно е да се планираат потребите. Лошо планираните потреби доведуваат до издатоци за енергија по значително повисоки цени од договорените.

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар „Енергетски Менаџмент Системи (EnMS)„ , кој ќе се организира на 22 Декември 2018 г.

Со воведување на Енергетски Менаџмент Систем (EnMS) - систем за управување со енергијата - преку почитување на процесите и упатствата се остварува целта да се намалат енергетските и економските загуби и други несакани ефекти вотековното работење. Конкретната примена зависи од обемот-големината на организацијата, дејноста, надлежностите за енергетски менаџмент. Оттука произлегува и обемноста на документацијата и потребните ресурси за имплементација на системот за енергетски менаџмент.

Воспоставениот систем за енергетски менаџмент значително ќе влијае врз потрошувачката на енергијата.Подобрувањето на енергетските перформанси може да предизвика брзи бенефити во организацијата. Како последица организацијата има позитивен придонес кон намалување на искористувањето на природните ресурси, што во глобални рамки може да претставува намалување на загадувањето и другите пропратни ефекти.

ЕУРЕМ МК промотивно видео https://youtu.be/yDwAI97oqxs
ЕУРЕМ обука 2018 https://www.sbch.org.mk/povici/%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D0%BE%D0%...

Спонзорство и промоција

Општествено одговорните субјекти кои сакаат да ги поддржат активностите за промоција на принципите на енергетска ефикасност, заштеда на енергија и емсија на CO2 и сакаат да учествуваат со промоција на активности, услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901

-----------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти на заинтересираните претпријатија кои нудат енергетски услуги и опрема за енергетска ефикасност од една страна и коминтентите од деловниот и јавниот сектор. Котизацијата за учество е со 10% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата дадена во прилог, која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/223 686

КОТИЗАЦИЈА: 3.850,00ден.

  1. Сабота, Декември 22, 2018

    Теми кои ќе се обработат на семинарот:

    1. Енергетско планирање

    - енергетски преглед (аудит)
    - анализа на податоци
    - утврдување на реална состојба
    - можности за надградба
    - мерење и верификација на резултатите

    2. Енергетски Аудит на резиденцијални и административни згради согласно ЕУ директива 2012/27/EU

    3. Технологија имплементирана во Одржливи енергетски згради:
    · соларни панели за производство на електрична енергија за сопствени потреби на објектот кои во текот на денот и соларно зрачење овозможуваат овој „одржлив енергетски објект„ да биде и потполно енергетски независен.
    · системи за соларно засенчување
    · соларен систем составен од соларни колектори и бафер
    · контролиран механички систем за вентилација
    · геотермална/воздух-воздух топлотна пумпа

    4. Енергетска политика и правна регулатива

    5. Законски основи за енергетика во РМ

    - законски и подзаконски акти
    - Закон за енергетика
    - Регулаторна Комисија за Енергетика
    - Цена на енергијата - тарифен систем
    - Пазар на електрична енергија - Трговци со издадени лиценци за трговија со електрична енергија и претпријатија со лиценци за снабдување со електрична енергија
    - Пазар на природен гас
    - Пазар на нафата и нафтени деривати
    - Пазар на топлинска и геотермална енергија