Енергетски одржливи објекти

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Проектирање и реконструкција

„Енергетски Одржливи Објекти„ се приоритетни проекти за реконструкција во локалната самоуправа, јавна администрација и индустријата. Со воведување на Smart Lighting платформи целта е воведување во Smart City - „Зелени„ и одржливи градови, општини и објекти независни од фосилните горива и надворешно електрично напојување , минимални енергетски загуби и без емисија на CO2 (carbon free). Моделите за финансирање на наведените проекти со договарање енергетски заштеди ќе придонесат за брза реализација согласно законската рамка за буџетско финансирање за јавната администрација и комерцијалните пресметки на приватните деловни субјекти.

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар за Енергетски Одржливи Објекти кој ќе се реализира во два модула на 9 и 23 февруари 2019 година.

Во Агендата на семинарот се предвидени два модула:

I. Енергетски ефикасни објекти - 9 Февруари 2019

1. Конструкцијата и начин на градење
• Типични градежни структури и геометрии (обликување)
• Детали на компоненти на конструкцијата
• Топлински мостови
• Идентификација и оценка на градењето и геометријата на објектот

2. Материјали и стандарди за реконструкција на градежен дел (обвивка на објект , фасада, под, тавани, кров,столарија)
• Топлина и пренос на топлина
• Проток на топлина низ градежните компоненти
• Точка на росење и влага
• Пресметка на U-вредности

3. Топлински барања на објектот
• Енергетски Аудит на објект
• Топлински загуби и добивки
• Енергетски баланс, барања за греење
• Пресметка на топлинското оптоварување на објект
• Примена на мерки за сопствено продуцирање енергија, NZEB и пасивни објекти

4. Презентација на проектни концепти за енергетски ефикасна реконструкција на објекти во локална самоуправа (училишта, градинки, административни),

II. Ефикасни топлински системи - 23 Февруари 2019

------------------------------------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство on-line на линкот „Пријави се„ или со пополнување на пријавата дадена на линот „СНИМИ ПРИЛОГ„, која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/223 686 Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис. Здружение за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“ Стопанска Комора на Мал Бизнис бул.Јане Сандански 113 1000 Скопје тел. (02) 244 8077, 070 223 686 info@sbch.org.mk www.sbch.org.mk

КОТИЗАЦИЈА: 3.850,00ден.

  1. Сабота, Февруари 9, 2019

    Во „Енергетски Одржливите Објекти „ зависно од резултатите на енергетската контрола/аудит изработена од овластен енергетски менаџер во предлог проектот / елаборат за енергетски ефикасна реконструкцијата може да биде предвидена следната технологија:

    · геотермална топлотна пумпа , систем за греење и ладење со кој е овозможена замена на поранешниот централен систем за греење со мазут и со тоа објектот повеќе директно не емитира јаглерод диоксид и PM честички кои го загадуваат воздухот

    · соларен термален систем составен од соларни колектори и бафер кој ја чува топлата вода загреана од соларната радијација на кои се изложени соларните колектори. На овој начин се добива топла вода за санитарни потреби во објектот со систем кој е замена на традиционалниот електричен бијлер, односно се намалува потрошената електрична енергија во објектот

    · контролиран механички систем за вентилација - оваа технологија овозможува размена помеѓу воздухот од надвор со воздухот од внатрешните простории при тоа минимизирајќи ги загубите на енергија преку рекуператори кои надворешниот воздух го прочистуваат од алергени и PM честици. Системот овозможува минимална употреба на уреди за климатизација.

    · системи за соларно засенчување кои ја лимитираат соларната радијација во лето и со тоа ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија на системите за климатизација

    · соларни панели за производство на електрична енергија за сопствени потреби на објектот кои во текот на денот и соларно зрачење овозможуваат овој „енергетски одржлив објект„ да биде и потполно енергетски независен.