Лидерство и Менаџмент на човечките потенцијали

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Менаџмент Клуб & Групација за женско претприемништво

Наменскиот ангажман на човечкиот капитал е еден од најважните фактори за успех и конкурентност на компаниите и организациите. Менаџментот значи ефикасно реализирање на работата со управување на луѓето. Лидерството е вештина на инспирирање и мотивирање на луѓето да ја реализираат ефикасно нивната работа.

Целта на работилницата е да стекнете Know-How за претворање на човечкиот потенцијал во зголемување на добивката на компанијата, постигнување компетенции на лидерски вештини и нивна практична примена за зголемување на моралот и продуктивноста во организацијата, како и можностите и границите во чии рамки треба да се управува со човечките ресурси.

КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?

Работилницата можат да ја следат претприемачи од мали и средни претпријатија, претставници на производни и трговски претпријатија, претставници на корпоративниот менаџмент, извршниот менаџмент и раководители на тимови на компании, јавни установи, финансиски и други видови организации.

Менаџмент Клуб КМБ е отворена платформа за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите. Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување деловни контакти.

Програмата ќе се реализира во ДВА модули: 1. Лидерство и Менаџмент, 2. Раководење со тим. Секој модул е посебна тематска целина со неколку предавања.
Почеток на модулите на 9 Мај и 6 јуни 2017 година, во Скопје.

-------------------------------------------------------------------------------------------------

Пријавување учество на работилницата на линкот „ПРИЈАВИ СЕ„ или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на е-маил: contact@cosmoinnovate.com.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 075 438 576. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис.

КОТИЗАЦИЈА: 6.800,00ден.

  1. Вторник, Мај 9, 2017

    Модул - Лидерство и Менаџмент

    разлика меѓу менаџментот и лидерството; градење доверба и почит; одржување позитивен став; справување со „тешки“ вработени; одржување на доверливост; градење на дух на тимска работа и соработка; вештини на активно слушање; подобрување на емоционалната интелигенција; управување со лутина и негативни емоции; вештини на ефективно делегирање

    Модул - Раководење со тим

    планирање и дефинирање на целите на тимот; организација на тимот и делегирање улоги во тимот; избор на членови на тимот; Организирање и водење состаноци; Делегирање улоги, управување со времето и зголемување на продуктивноста