МЕНАЏМЕНТ ФИНАНСИИ

Менаџмент Клуб Сесии

Менаџмент Клуб КМБ е отворена платформа за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите.

Целта на циклусот менаџмент сесии „МЕНАЏМЕНТ ФИНАНСИИ„ е менаџерите и раководителите, проектните менаџери, деловните секретари, како и соодветниот финансиски персонал, да се запознаат со основните сметководствено-финансиски принципи извештаи и нивна проценка, за да постигнат подобро управување со финансиите.

КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување деловни контакти. Можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост но и приватни лица.

Инструктори

Г-н Владимир Матевски , менаџер Vision Consulting
Г-ѓа Ирена Крстевска, DDV Consulting
Г-н Veysel Sarac, Limak Construction

Работилницата ќе се реализира во четири модули - секој модул засебно со две до шест предавања - или вкупно 14 предавања (понеделник) од 17.30 или 19.30 часот, (мај -јуни 2017) во Скопје.

Модул - Материјално Сметководство - од 15 мај 2017
Модул - Управување со готовината - буџетирање и проекција на готовински тек - од 20 јуни 2017
Модул - Финансиска и административна организација од 5 јуни 2017
Модул - Финансиски анализи во Excel од 22 мај

Секој модул може да се проследи засебно или комплетно целиот циклус од 4 модули. Пријавување учество на засебен модул преку web страната на соодветниот модул/сесија.

-------------------------------------------------------------------------------------------

Пријавување учество на целиот циклус (сите 4 модули) на линкот „ПРИЈАВИ СЕ„ или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на факс: (02) 244 8134 или на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис.

КОТИЗАЦИЈА: 16.600,00ден.

  1. Понеделник, Мај 15, 2017

    Модул - Материјално Сметководство:

    ГОЛЕМОПРОДАЖБА (МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ) - Изработка на влезни/излезни калкулации, Испратница, изработка на излезна фактура , Повратница, изработка на одобрение, задолжение, Изработка и читање на материјална картица , Изработка и читање на лагер листа , Читање на финансиска картица ,Сложување на материјална со финансиска картица , Попис на магацин
    МАЛОПРОДАЖБА (ПРОДАВНИЦИ НА МАЛО) Изработка на Приемни листи во трговија (ПЛТ- образец) , Изработка на нивелации , Пополнување на трговска книга (ЕТ- образец) , Пополнување на Книга на дневни финансиски извештаи (КДФИ) , Изработка и читање на материјална картица ,Читање на финансиска картица ,Сложување на материјална со финансиска картица ,Попис на продавница

    Модул - Управување со готовината - буџетирање и проекција на готовински тек:

    намалување на ризокот - поврзан со готовинскиот тек, различни извори на готовина и нејзина употреба, управување со готовината - клучни менаџерски практики, осигурување на домашни и ивозни побарувања

    Модул - Финансиска и административна организација

    месечна пресметка на плата, боледување, надоместоци на трошоци поврзани со работа(дневници за службени патувања, користење на сопствено возило за службени потреби) , пријава и одјава на работници, договори за вработување М1/М2, контрола и комплетирање на сметководствена документација , проверка на формална, материјална и пресметковна исправност на документите, финансиски картици, извештаи, евиденција, дописи, известувања, одлуки,

    Модул - Финансиски анализи во Excel

    - анализа на финансиски извештаи, прогноза на годишни приходи,
    прогноза на финасиски извештаи