Одржливи Проекти за Реконструкција (локална самоуправа и индустрија)

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Финансирање на проектите со договарање енергетски заштеди

Приоритетни проекти за реконструкција се објектите на локалната самоуправа, јавна администрација и индустријата во „Одржливи Енергетски Објекти„ и воведување на Smart Lighting платформи. Моделите за финансирање на наведените проекти со договарање енергетски заштеди ќе придонесат за брза реализација согласно законската рамка за буџетско финансирање за јавната администрација и комерцијалните пресметки на приватните деловни субјекти.

Целта е Smart City - „Зелени„ и одржливи градови, општини и објекти независни од фосилните горива и надворешно електрично напојување , минимални енергетски загуби и без емисија на CO2 (carbon free). Заштедата на електрична енергија кај јавното и индустриското осветлување, мотори и електрични уреди ќе придонесат за намалување на потрошувачката на електрична енергија бидејќи 19% од енергијата во светот се троши за осветлување.

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар за Одржливи Проекти за Реконструкција (локална самоуправа и индустрија) кој ќе се организира на 14 април 2018 година.

Во Агендата на семинарот се предвидени две целини:

1. Презентација на проектни концепти за енергетски ефикасна реконструкција на објекти во локална самоуправа (училишта, градинки, административни),

- Материјали и стандарди за реконструкција на градежен дел (обвивка на објект , фасада, под, тавани, кров,столарија)
- Примена на мерки за сопствено продуцирање енергија кои доведуваат до „Одржливи енергетски објекти„ (соларни панели, топлотни пумпи)

2. Енергетски ефикасно осветлување (надворешно улично и внатрешно), електрични постројки и мотори

- Енергетски ефикасно осветлување и Smart Lighting

* Фотометриски параметри, Димензионирање на системите за осветлување според лумен методот, Пресметка на потрошувачката на електрична енергија и трошоците по реновирањето
* Примери на фотометриски оптимизации - Smart Lighting платформи погодни за со договарање енергетски заштеди (Приватно Јавно Партнерство, ESCO)

- Електрична мрежа и електроенергетски систем

* Пресметка на загубите на трансформаторот, загуби од дисперзија, реактивна моќност и струја, трошоци за одржување. Пресметка на трошоците за променливи оптоварувања со програма за симулација, ABB или Siemens
* Рамковни договори за набавка на електрична енергија со либерализацијата на пазарот за електрична енергија за малите потрошувачи

- Мотори

* Оптимизација и одржување, Контрола на брзина на мотори (фрекфентен конвертор) - пумпи, вентилатори, мотори
Калкулација на енергетски заштеди, оптимизација на системот

------------------------------------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство on-line на линкот „Пријави се„ или со пополнување на пријавата дадена на линот „СНИМИ ПРИЛОГ„, која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901 Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис. Национален Конзорциум за енергетка ефикасност и одржлив развој - SEI Consortium Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“ Стопанска Комора на Мал Бизнис бул.Јане Сандански 113 1000 Скопје тел. (02) 244 8077, 070 223 686 info@sbch.org.mk www.sbch.org.mk

КОТИЗАЦИЈА: 3.850,00ден.

  1. Сабота, Април 14, 2018

    EUREM MK и Sustainable Energy and Infrastructure Consortium подготвува проект Skopje Smart City. Каталогот на SEI Consortium е достапен на линкот https://goo.gl/bKbBWo

    ПОВИК

    за проектни концепти и соработници за проект

    Skopje Smart City

    Партнерите во SEI Consortium повикуваат иницијативи и предлози од сите заинтересирани претпријатија, организации и поединци за учество во најавениот проект. Проктните концепти и Smart платформи заинтересираните може да ги презентираат на претсојниот семинар на 14 Април 2018 г.

    ПРИЈАВУВАЊЕ АКТИВНО УЧЕСТВО - 10 Април 2018

    Се молат заинтересираните за активно учество- презентација заклучно со 10 Април 2018 да ја пополнат пријавата http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20za%20Seminar_Odrzli... (за нови членки на Комората да се пополни и пристапница за зачленување)

    ПРИЈАВУВАЊЕ публика

    Заинтересираните за пасивно учество - публика можат да се пријавуваат до почеток на семинарот со пополнување на пријавата http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20za%20Seminar_Odrzli...