ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ И ДОСТАПНИ ФИНАНСИСКИ ПРОГРАМИ

Workshop & Management Session

Ве повикуваме за пријавување учество на менаџмент сесијата „Пристап до финансии и достапни финансиски програми„ во организација на групацијата „Центар за финансирање и менторска поддршка„ на Комората на Мал Бизнис каде ќе се презентираат конкретни програми и типски проекти за донаторско и комерцијално финансирање во деловниот сектор, јавните установи и институциите на локалната самоуправа.

--------------------------------------------------------------------------------

Центарот за финансирање и менторска поддршка при Комора на мал бизнис на Македонија континуирано систематски ги следи достапните финансиски програми на: Македонска Банка за Поддршка на Развојот (МБПР), Европската Банка за Обнова и Развој (EBRD), IPA фондови (local, regional, cross-border), IPARD програмата за поддршка на руралниот развој во Македонија, Interreg V,(transnational Balkan-Mediterranean Programme, interregional), Horizon 2020 инструментите за Мали Средни претпријатија број 9 и 11, Отворен фонд за југоисточна Европа за енергетска ефикасност на ГИЗ Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, фондови поврзани со т.н. Берлински Процес за WB6 земјите на Западен Балкан, Инвестициски Фонд Meta Group, Energieinstitut der Wirtschaft GmbH, CMSR Center for international cooperation and development, Фондот за иновации и технолошки развој, Комерцијалните банки итн.

--------------------------------------------------------------------------------

Во групациите на Комората се изработени типски проекти по финансиски програми и индустрии кои се погодни за аплицирање на наведените достапни финансиски програми:
- Административни објекти на локална самоуправа и државни институции, вклучувајчи училишта, градинки, спортски сали, здравтвени објекти и сл.
- Прехранбена индсутрија - индустриски објекти за преработка на земјоделски производи и прехранбени производи и производство во стакленици / оранжерии
- Градежна индустрија и обработка на мермер и камен - индустриски објекти за производство и преработка на производи за градежништво
- Деловни административни и услужни објекти - магацини за прехранбени производи, административни објекти, трговски центри, хотелски комплекси

Акционен План на Германскиот Технички Клуб (линк >>>) е фокусиран на приоритетни извозни производни и услужни индустрии/дејности:
* металопреработувачка индустрија
* прехранбена индустрија
* информатика
* проектирање и инжинеринг - градежни проекти, индустриски процеси, автоматизација, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Пријавување учество На работилницата можете да учествувате активно со презентација на предлог проект или пасивно како публика. -------------------------------------------------------------------------------- Котизацијата за пасивно учество е воедно и годишна чланарина во Комората на Мал Бизнис - Basic членство која изнесува 1.535,00 ден. Котизација за активно учество е воедно и годишна чланарина во Комората на Мал Бизнис -Standard членство која изнесува 6.180,00 ден. Забелешка: Организаторот ќе овозможи презентација само на предлог проекти за кои е подготвена проектна техничка документација. -------------------------------------------------------------------------------- Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници, и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Повикани за учество се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, локалната самоуправа и останати организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на комерцијални и проекти за одржлив развој. -------------------------------------------------------------------------------- Ве молиме да го пријавите Вашето присуство до 12 Април 2017 год со пополнување на пријавата дадена во прилог, која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk Информации на 070 271 901.

КОТИЗАЦИЈА: 1.950,00ден.

  1. Среда, Април 12, 2017

    КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех

    Small Business Chamber - business success networking

    --------------------------------------------------------------------------------

    Центар за финансирање и менторска поддршка

    Германски Технички Клуб

    Стопанска комора на мал бизнис

    бул.Јане Сандански 113

    1000 Скопје

    тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134

    info@sbch.org.mk

    www.sbch.org.mk