Соларна Енергија - термални и фотоволтаични системи

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојната работилница Соларна енергија - термални и фотоволтаични системи , кој ќе се организира на 28 Октомври 2017 г.
Целта на настанот е зголемување на капацитетите на претпријатијата кои се занимаваат со производство, продажба, одржување и монтажа на соларни, термални и фотоволтаични системи за подготовката на релевантни технички проекти придружени со соодветна методологија за економска анализа на финансирањето кое е услов за пристап до соодветните фондови.

Проектите за користењето на соларната енергија за производство на електрична енергија или мерки за заштеда и енергетска ефикасност на системите за греење на вода во деловниот и резиденцијалниот сектор се еден од приоритетите за поддршка од финасиските институции во земјите на Западен Балкан. Со Акционата Програма за Енергетска Ефикасност 2017-2018 на ЕУРЕМ МК за Владата на РМ планирано е изработка на Закон за Енергетска Ефикасност од септември 2017 год. во кој предвидено е субвенционирање на проектите за искористување на соларната енергија за резиденцијална и индустриска намена.

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

На настанот може да се пријават сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата дадена во прилог, која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901 Котизацијата за учество е со 10% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис + 10% попуст за пријавени повеќе учесници. Време и место на одржување Настанот ќе се одржи на 28 Октомври 2017 година (сабота) од 10.00 до 16.00 часот, во Скопје. Учесниците кои сакаат да учествуваат со промоција на услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901

КОТИЗАЦИЈА: 5.400,00ден.

  1. Сабота, Октомври 28, 2017

    Теми кои ќе се обработат на семинарот

    1. Соларни термални системи

    Енергија од сончевото зрачење
    Соларни термални колектори
    Соларни термални системи за создавање на топла вода
    Соларно термални варијанти

    Енергија од сончевото зрачење
    Глобална радијација
    Tрансформација на сончевото зрачење
    Соларни термални колектори
    Пластични апсорбирачи за загревање на вода во базен
    Вакуумски колектори
    Рамни колектори (загуби) на рамниот колектор, линеарни карактеристики на рамните колектори)
    Соларни термални системи за создавање на топла вода
    Функција на соларно термалниот систем
    Димензионирање на соларните термални системи за создавање на топла вода (побарувачки за топла вода, капацитет на складирање, разменувач на топлина, површина на колектор, цевковод за мрежата на колекторот).
    Димензионирање на соларни термални системи за топла вода за згради (побарувачки за топла вода, соларна фракција и специфична предност на колекторот, инструкции за димензионирање)
    Соларно термални варијанти
    Рамни колектори, вакуумски колектори, воздушен колектор - примена и ограничување
    Соларни воздушни системи
    Компоненти на соларен воздушен систем
    Интегрирање во климатизацијата
    Примери за примена
    Независни системи на воздушни колектори
    Воздушни колектори за загревање на хали
    Индустриски примени
    Соларни фасади на згради
    Можности за соларно ладење

    2. Создавање енергија во фотоволтажни системи

    Соларна ќелија – Енергија од сонцето
    Понатамошни компоненти на PV системот
    Фотоволтажен пазар
    Дизајнирање и димензионирање на PV системи
    Соларна ќелија - Енергија од сонцето
    Од ќелија до модул
    Од модул до фотонапонски систем

    Понатамошни компоненти на PV системот
    Инвертор
    Регулатор за соларно полнење
    Батерии за PV системи кои не се поврзани со електрична мрежа
    Фотоволтажен пазар
    Светски пазар за фотоволтажни системи
    Домашен фотоволтажен пазар
    Дизајнирање и димензионирање на PV системи
    Инвестициски трошоци и добивка
    Фотоволтаици во архитектурата
    Проектирање и димензионирање на PV системи (Мрежно-поврзани големи системи)