Соларни системи - ЕСКО СОНЦЕ

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Целта на работилницата е зголемување на капацитетите на претпријатијата кои се занимаваат со производство, продажба, одржување и монтажа на соларни, термални,гео-термални и фотоволтаични системи за подготовката на релевантни технички проекти придружени со соодветна методологија за економска анализа на финансирањето кое е услов за пристап до државни субвенции и соодветните фондови. Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојната дво-дневна работилница Соларни системи - ЕСКО СОНЦЕ , која ќе се реализира во петок 21 Февруари и 28 Февруари 2020 г. од 12.30-16.30 часот

Проектите за користењето на соларната енергија за производство на електрична енергија или мерки за заштеда и енергетска ефикасност на системите за греење на вода во деловниот и резиденцијалниот сектор се еден од приоритетите за поддршка од финасиските институции во земјите на Западен Балкан и државните програми за субвенционирање производство на енергија од обновливи извори. Со Законот за Енергетика и подзаконските акти за обновливи извори предвидено е субвенционирање на проектите за искористување на соларната енергија за производство на електрична енергија.

ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ

- Со програмите на EBRD може да се поддржат проекти со донација од 50% од вредноста на проектот (донацијата е лимитирана на max.10.000 EUR)
- Со програмите на Развојна Банка на РСМ (МБПР) директно се поддржуваат проектите финансирани од IPA фондовите, проекти од агробизнисот и проекти за енергетска ефикасност.
- Со програмата на Adria Finance HUB се поддржува изработката на проектна документација и финансирање на проектите со ESCO методот
- Со Програмата Енергетска ефикасност во јавниот сектор на Светска Банка се поддржуваат проекти со донација 20% и поволни кредитни услови
- Со грантова шема на ЕУ Делегација поддршка на проекти 30% грант

Sustainable Energy and Infrastructure Consortium (SEI Consortium) и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ при „Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија„ подготвуваат и изведуваат проекти за ESCо-SUN - модел за финансирање на проекти за енергетска ефикасност во јавниот сектор, локалната самоуправа и деловниот сектор.

Каталог на SEI Consortium http://www.sbch.org.mk/platformi/sei-consortium
ESCo-SUN - повик за соработници https://www.sbch.org.mk/povici/esco-sun-2020
Програма Sustainable, Green & Smart https://www.sbch.org.mk/programi/sustainable-green-smart
Adria Finance Hub - https://www.sbch.org.mk/platformi/adria-finance-hub

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Котизацијата за учество е со 20% попуст за пријавени повеќе учесници и со 50% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис .

--------------------------------------------------------------------------------------------------------

Време и место на одржување:
Работилницата ќе се одржи на 21 и 28 Февруари 2020 година (петок) од 12.30 часот.

Учесниците кои сакаат да учествуваат со промоција на услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901

---------------------------------------------------------------------------------------------------------

На настанот може да се пријават сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата дадена на линкот http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-Seminar%20za%20Solarni%20sistemi.doc или на банерот ПРИЛОГ, која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070 223 686

КОТИЗАЦИЈА: 6.150,00ден.

  1. Петок, Февруари 28, 2020

    Теми кои ќе се обработат на семинарот

    1. Соларни гео-термални системи

    Енергија од сончевото зрачење , Глобална радијација, Tрансформација на сончевото зрачење
    Соларни и гео-термални системи за создавање на топла вода
    Димензионирање на соларни термални системи за топла вода за згради-хотели (побарувачки за топла вода, соларна фракција и специфична предност на колекторот, инструкции за димензионирање)
    Интегрирање во климатизацијата
    Соларни фасади на згради
    Можности за соларно ладење

    2. Создавање енергија во фотоволтажни системи

    Соларна ќелија – Енергија од сонцето , Од ќелија до модул, Од модул до фотонапонски систем
    Понатамошни компоненти на PV системот: Инвертор, Регулатор за соларно полнење
    Батерии за PV системи кои не се поврзани со електрична мрежа
    Дизајнирање и димензионирање на PV системи за сопствени потреби , Инвестициски трошоци и добивка
    Проектирање и димензионирање на PV централи (Мрежно-поврзани големи системи)