Термален инженеринг и технологија на греење

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Групација за производство, продажба, одржување и монтажа на котли

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија, Групација за производство, продажба, одржување и монтажа на котли и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар Термален инженеринг и технологија на греење , кој ќе се организира на 7 Октомври 2017 година и промотивен настан за вмрежување на компаниите и клиентите и WB6 Конвенција на Енергетски Менаџери на 6 Октомври 2017.

Целта на семинарот е зголемување на капацитетите на претпријатијата кои се занимаваат со производство, продажба, одржување и монтажа на котли за подготовката на релевантни технички проекти придружени со соодветна методологија за економска анализа на финансирањето е услов за пристап до соодветните фондови. Инструктор и предавач на семинарот е Г-н Славе Ласоски, Приматехна.

Проектите за оптимизација, мерки за заштеда и енергетска ефикасност на системите за греење во деловниот и резиденцијалниот сектор се еден од приоритетите за поддршка од финасиските институции во земјите на Западен Балкан.

Со Акционата Програма за Енергетска Ефикасност 2017-2018 на ЕУРЕМ МК за Владата на РМ планирано е изработка на Закон за Енергетска Ефикасност од септември 2017 год. во кој согласно Directive (EU) 2015/2193 за ограничување на емисиите на одредени загадувачки материи во воздухот од постројки за согорување за употреба на териоторијата на РМ предвидено е сертифицирање на котлите на биомаса за резиденцијална и индустриска намена.

Во Комората на Мал Бизнис иницирана е Групација за производство, продажба, одржување и монтажа на котли за резиденцијално и затоплување на административни и индустриски објекти наменети за домашниот и пазарите во земјите на Западен Балкан. Изработката на котлите во Македонија се организира во соработка со компаниите на Групацијата на металопреработувачи во Комората. Повеќе за групацијата на линкот http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B...

--------------------------------------------------------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство on-line на линкот „Пријави се„ или со пополнување на пријавата дадена на линот „СНИМИ ПРИЛОГ„, која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901 Котизацијата за учество е со 10% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис. Групација за производство, продажба, одржување и монтажа на котли и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“ при Стопанска Комора на Мал Бизнис бул.Јане Сандански 113 1000 Скопје тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134 info@sbch.org.mk www.sbch.org.mk

КОТИЗАЦИЈА: 5.400,00ден.

  1. Сабота, Октомври 7, 2017

    Tехнологијата за греење

    - пресметка за топлинското оптоварување
    - годишни барања за енергија за греење

    Преглед на системите за греење

    - области на системот: производство на топлина, дистрибуција, испорака
    - пренос на топлината: вода, воздух, пареа
    - горива: гас, нафта, дрва, јаглен

    Систем за испорака на топлина

    - конвекција наспроти зрачење
    - видови радијатори и ефикасност
    - греење на сала (топол воздух, радијатори на гас, грејни панели на таван)
    - хидраулично балансирање

    Дистрибуција на топлина

    - типови на системи (едноцевни, двоцевни, Tichelmann)
    - фитинзи, вентили, контролни компоненти
    - монтажа на цевки и фитинзи
    - проектирање на пумпа

    Производство на топлина

    - видови на котли, ефикасност
    - технологија на грејна вредност
    - бафери, хидраулична шема
    - производство на топлина, eкспанзија
    - безбедносна технологија

    Пример

    објаснување на пример
    пресметка на ефикасноста на котелот, производство на енергија

10/06/2017 to 10/07/2017
Add to Calendar