"Управување со енергијата во објектите и модели за финансирање со договарање енергетски заштеди"

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Договарање на енергетски заштеди е модел за заштеда на енергија со смалување на потрошувачка на енергија и услуги за одржување со примена на мерки за енергетска ефикасност со делумни или без сопствени вложувања на клиентот во соработка со ESCO компаниите.

Проектите се финансираат од остварени заштеди најчесто во различна временска рамка во зависност од видот на проектот и клиентот, а во остварените заштеди се содржани и трошоците за енергенси и одржување. Подрачјето на услуги може да се подели во јавен и приватен сектор односно на типови на објекти (школи, градинки, факултети, болници,културни центри, спортски комплекси, управни згради, хотели, пумпни станици и др.) јавно осветление, индустрија и процеси, комерцијални згради и центри, далечинско греење и мн. други области.

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија, Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ во соработка со програмата Increasing market employability (IME) Ве повикуваат да присуствувате на претстојната работилница "Управување со енергијата во објектите и модели за финансирање со договарање енергетски заштеди" , која ќе се организира на 27 Јануари 2018 г.

Спонзорство и промоција

Учесниците кои сакаат да учествуваат со промоција на услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии на тел. 070 271 901
------------------------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти на заинтересираните претпријатија кои нудат енергетски услуги и опрема за енергетска ефикасност од една страна и коминтентите од деловниот и јавниот сектор. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата дадена во прилог, која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901 Семинарот е бесплатен за еден учесник на Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис со уплатена чланарина за 2018 год. + 10% попуст за пријавени повеќе учесници.

КОТИЗАЦИЈА: 6.150,00ден.

  1. Сабота, Јануари 27, 2018

    АГЕНДА

    Системи за управување со енергија, ISO 50001

    - Структура на системите за управување со енергија
    - Задачи на управувањето со енергија
    - Програма на Субвенции на Министерство за Економија на РМ за воведување и работење на системите за управување со енергија во согласност со ISO 50001

    Управување со податоци за енергијата

    Основна структура на EDM системите
    Пристап: собирање на податоци, подготовка на податоци, евалуација на податоци
    Уреди и хардверски компоненти за ЕDM
    SW-поддржан EDM
    Структура на автоматски EDM системи

    Пресметка на цената на енергијата

    - Компоненти на цената на мрежно врзани извори на енергија
    - Состав на цената на електричната енергија
    - Состав на цената на природниот гас
    - Развој на цената

    Load Management

    - Максимално оптоварување
    - Воспоставување на потенцијал за исклучување
    - Прилагодливи корисници на енергија -Максимално оптоварување што може да се избегне
    - Конфигурација на системот
    - Трошоци и пресметка на ефикасноста на трошоците