"Управување со енергијата, набавка, потрошувачка и модели за финансирање"

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Законски основи и либерализација 2019

Мерење и управување со податоците за трошоците на енергијата, е обврска за претпријатијата која произлегува од Член 15 на Законот за енергетска ефикасност и избор на добавувач на електрична енергија согласно правилата на либерализиран енергетски пазар 01.01.2019.
Првите енергетски контроли во јавниот сектор и големите претпријатија согласно Законот за енергетска ефикасност ќе се реализираат до 30 јуни 2019 односно 30 јуни 2020 год. Согласно член 15 од Законот, обврската на правните субјекти за енергетска контрола може да ја реализираат интерно со обучен кадар кој е дел од сертифициран систем за управување со енергијата или животната средина , или со помош на ангажирани надворешни овластени контролори.

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија, Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојната дво-дневна работилница "Управување со енергијата, набавка, потрошувачка и модели за финансирање" , која ќе се организира на 25 и 31 Јануари 2019 г.

Обврската за избор на добавувач на електрична енергија на либерализираниот пазар правните субјекти го прават врз основа на интерните анализи од обучен кадар (енергетски менаџери). Главната работа на енергетските инженери е да ги најдат најефикасните технички и финансиски одржливи начини за управување со објекти и производни процеси.

Договарање на енергетски заштеди е модел за заштеда на енергија со смалување на потрошувачка на енергија и услуги за одржување со примена на мерки за енергетска ефикасност со делумни или без сопствени вложувања на клиентот во соработка со ESCO компаниите.

Проектите се финансираат од остварени заштеди најчесто во различна временска рамка во зависност од видот на проектот и клиентот, а во остварените заштеди се содржани и трошоците за енергенси и одржување. Подрачјето на услуги може да се подели во јавен и приватен сектор односно на типови на објекти (школи, градинки, факултети, болници,културни центри, спортски комплекси, управни згради, хотели, пумпни станици и др.) јавно осветление, индустрија и процеси, комерцијални згради и центри, далечинско греење и мн. други области.

ЕУРЕМ МК промотивно видео https://youtu.be/yDwAI97oqxs
ЕУРЕМ обука http://www.cosmoinnovate.com.mk/obuki/magjunarodniobuki/energetskaefikas...

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти на заинтересираните претпријатија кои нудат енергетски услуги и опрема за енергетска ефикасност од една страна и коминтентите од деловниот и јавниот сектор. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата дадена во прилог, која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/223 686 Семинарот е бесплатен за еден учесник на Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис со уплатена чланарина за 2019 год. + 20% попуст за пријавени повеќе учесници.

КОТИЗАЦИЈА: 6.150,00ден.

  1. Петок, Јануари 25, 2019

    АГЕНДА

    1. Законски основи за енергетика во РМ

    - Законски и подзаконски акти
    - Закон за енергетика и Закон за енергетска ефикасност
    - Регулаторна Комисија за Енергетика
    - Цена на енергијата - тарифен систем
    - Пазар на електрична енергија - Трговци со издадени лиценци за трговија со електрична енергија и претпријатија со лиценци за снабдување со електрична енергија
    - Пазар на природен гас, пазар на нафата и нафтени деривати, пазар на топлинска и геотермална енергија

    Инструктор - М-р Митре Арсовски

    2. Директиви на ЕУ - либерализација на енергетски пазар

    - пазар на електрична енергија
    - тргување со емисии
    - договори за енергетски услуги

    Инструктор: Д-р Арсе Петрески

    3. Управување со податоци за енергијата

    Пристап: собирање на податоци, подготовка на податоци, евалуација на податоци
    Структура на автоматски EDM системи

    Инструктор: Г-ѓа Анета Тодоровска

    4. Финансиско техничка анализа на проекти за енергетска ефикасност со примена на ESCO моделите на финансирање

    Инструктор: Г-н Антонио Делов