"Управување со енергија - снабдување и цени"

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Инвестиции, пракса и законски норми

Правните субјекти можат да изберат добавувач на енергијата, но можат и да произведуваат енергија пред се за сопствени потреби, а со дополнителни инвестиции за заштеда на потрошувачката на енергија и соработка со енергетските компании да произведуваат и продаваат вишоци енергија.

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија, "ADRIA FInance HUB" и „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на семинарот "Инвестиции за одржливо управување со енергијата" , кој ќе се организира на 21 Декември 2019 г.

Договарање на енергетски заштеди е модел за заштеда на енергија со смалување на потрошувачка на енергија и услуги за одржување со примена на мерки за енергетска ефикасност и производство на енергија со делумни или без сопствени вложувања на клиентот во соработка со ESCO компаниите. Проектите се финансираат од остварени заштеди најчесто во различна временска рамка во зависност од видот на проектот и клиентот, а во остварените заштеди се содржани и трошоците за енергенси и одржување. Подрачјето на услуги може да се подели во јавен и приватен сектор односно на типови на објекти (школи, градинки, факултети, болници,културни центри, спортски комплекси, управни згради, хотели, пумпни станици и др.) јавно осветление, индустрија и процеси, комерцијални згради и центри, далечинско греење и мн. други области.

ЗАКОНИ ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Обврската за избор на добавувач на електрична енергија на либерализираниот пазар правните субјекти го прават врз основа на интерните анализи од обучен кадар (енергетски менаџери). Главната работа на енергетските менаџери е да ги најдат најефикасните начини за управување и производство на енергија во деловните објекти и производни процеси.

Мерење и управување со податоците за трошоците на енергијата, е обврска за претпријатијата која произлегува од Член 15 на Законот за енергетска ефикасност и избор на добавувач на електрична енергија согласно правилата на либерализиран енергетски пазар 01.01.2019.
Првите енергетски контроли во јавниот сектор и големите претпријатија согласно Законот за енергетска ефикасност ќе се реализираат до 30 јуни 2019 односно 30 јуни 2020 год. Согласно член 15 од Законот, обврската на правните субјекти за енергетска контрола може да ја реализираат интерно со обучен кадар кој е дел од сертифициран систем за управување со енергијата или животната средина , или со помош на ангажирани надворешни овластени контролори.

ЕУРЕМ - обука за енергетски менаџери

ЕУРЕМ МК промотивно видео https://youtu.be/yDwAI97oqxs
ЕУРЕМ обука http://www.cosmoinnovate.com.mk/obuki/magjunarodniobuki/energetskaefikas...

---------------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти на заинтересираните претпријатија кои нудат енергетски услуги и опрема за енергетска ефикасност од една страна и коминтентите од деловниот и јавниот сектор. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата дадена на линкот >>> https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-Seminar%20Investicii%20za%20upravuvanje%20so%20energija.doc или банерот СНИМИ ПРИЛОГ, која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/223 686 Семинарот е бесплатен за еден учесник на Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис со уплатена чланарина за 2019 год. + 20% попуст за пријавени повеќе учесници.

КОТИЗАЦИЈА: 6.150,00ден.

  1. Сабота, Декември 21, 2019

    АГЕНДА

    1. Законски основи за енергетика во РСМ

    - Законски и подзаконски акти
    - Закон за енергетика и Закон за енергетска ефикасност
    - Регулаторна Комисија за Енергетика
    - Цена на енергијата - тарифен систем
    - Пазар на електрична енергија - Трговци со издадени лиценци за трговија со електрична енергија и претпријатија со лиценци за снабдување со електрична енергија
    - Пазар на природен гас, пазар на нафата и нафтени деривати, пазар на топлинска и геотермална енергија

    Инструктор - М-р Митре Арсовски

    2. Директиви на ЕУ - либерализација на енергетски пазар

    - пазар на електрична енергија
    - тргување со емисии
    - договори за енергетски услуги

    Инструктор: Д-р Арсе Петрески

    3. Финансиско техничка анализа на проекти за енергетска ефикасност со примена на ESCO моделите на финансирање

    Инструктор: Г-н Антонио Делов