Управување со обртни средства

Workshop & Management Session

Успешното менаџирање со обртните средства треба да даде одговор на следниве прашања:

- Кое е потребното ниво на готовина со кое компанијата треба да располага?

- Колку брзо побарувањата и залихите се претвараат во готовина?

- Со каква динамика се прват исплатите према добавувачите, вработените и останатите?

- Како да направам издржана проекција на готовински тек?

- Која е најповолната опција за краткорочно финансирање?

- Кои се можностите за краткорочно инвестирање?

Целта на ефективното менаџирање на обртните средства е да обезбеди компанијата да има адекватен пристап до финансиски средства потребни за покривање на дневните оперативни трошоци, а истовремено да овозможи расположливите финансиски средства да бидат инвестирани на најпродуктивен начин.

Предавач и модератор на работилницата „Управување со обртни средства„ на 30 јануари 2017 г. е Г-н Владимир Матевски , менаџер Vision Consulting Ценетите гости ќе разменат искуства и воспоставена пракса за Управување со обртните средства во своите компании и организации.

КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување деловни контакти. Можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост но и приватни лица. Менаџмент Клуб КМБ е отворена платформа за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите.

Работилницата ќе се одржи на 30 Јануари 2017 година (понеделник) од 17.30 - 19.30 часот, во Скопје.

ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ (контрола и анализа) - комплетна обука -

Програмата ќе се реализира со четири модули, кои можат да се следат издвоено,
по редослед и според можностите и потребите на заинтересираните слушатели, секој понеделник во ист термин.
Целта на обуката е учесниците да ги совладаат методите на примена и толкување на финансиски извештаи за носење одлуки во тековното и идно работење на претпријатието и организацијата. Правилното толкување на финансиските извештаи ќе доведе до реални информации за трошоците и нивното влијание во секојдневното работење, што ќе придонесе за планирање и буџетирање на финансиските средства за наредниот период, обезбедување финансиски средства за тековно работење или дополнително инвестирање.

Пријавување учество на работилницата на 30 јануари 2017 г. на линкот „ПРИЈАВИ СЕ„ или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на факс: (02) 244 8134 или на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис.

КОТИЗАЦИЈА: 1.450,00ден.

  1. Понеделник, Јануари 30, 2017

    ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ (контрола и анализа) - комплетна обука -

    Управување со обртни средства (Менаџирање на работниот капитал и залихи)
    (финансирање на тековните средства, готовински буџет, залихи)
    - 30 јануари 2017

    Менаџирање на побарувања и менаџирање на обврските
    (кредитни политики, мониторинг, банкарски кредити,
    револвинг кредити, банкарски трошоци)
    - 6 февруари 2017

    Финансиски анализи со Excel 1
    (буџетирање на готовина, Pivot табели)
    - 13 февруари 2017

    Финансиски анализи со Excel 2
    (анализа на финансиски извештаи, прогноза на годишни приходи,
    прогноза на финасиски извештаи)
    - 20 февруари 2017