Управување со проекти на одржливи системи

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Одржливи Енергетски Објекти

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар за Управување со проекти на одржливи системи , која ќе се организира на 15 Декември 2018 г.

Приоритетни проекти се реконструкција на објектите во комерцијалниот сектор (деловни и индустриски објекти) и јавна администрација во „Одржливи Енергетски Објекти„ независни од фосилните горива и надворешно електрично напојување , минимални енергетски загуби и без емисија на CO2 (carbon free).

За оценување на мерките во однос на нивната техничка ефикасност, еколошките ефекти и, во исто време, економичното користење на енергијата, треба да се изврши економска анализа со цел да се утврдат комерцијално економските предности.
Комерцијално економската корист е само еден критериум меѓу другите важни стандарди, како што се компатибилност со животната средина, национално економска евалуација или безбедност на снабдувањето. Затоа, вторите критериуми мора да влијаат на одлуката, во случај неколку инвестициски алтернативи да водат до еднакво комерцијално остварливи мерки.

Во „Одржливите Енергетски Објекти „ зависно од резултатите на енергетската контрола/аудит изработена од овластен енергетски менаџер во предлог проектот / елаборат за енергетски ефикасна реконструкцијата може да биде предвидена следната технологија:

· геотермална топлотна пумпа , систем за греење и ладење со кој е овозможена замена на поранешниот централен систем за греење со мазут и со тоа објектот повеќе директно не емитира јаглерод диоксид и PM честички кои го загадуваат воздухот

· соларен термален систем составен од соларни колектори и бафер кој ја чува топлата вода загреана од соларната радијација на кои се изложени соларните колектори. На овој начин се добива топла вода за санитарни потреби во објектот со систем кој е замена на традиционалниот електричен бијлер, односно се намалува потрошената електрична енергија во објектот

· контролиран механички систем за вентилација - оваа технологија овозможува размена помеѓу воздухот од надвор со воздухот од внатрешните простории при тоа минимизирајќи ги загубите на енергија (остварено со топлоразменувачи функционални во летниот и зимскиот период) преку рекуператори кои надворешниот воздух го прочистуваат од алергени и PM честици. Системот овозможува минимална употреба на уреди за климатизација.

· системи за соларно засенчување кои ја лимитираат соларната радијација во лето и со тоа ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија на системите за климатизација

· соларни панели за производство на електрична енергија за сопствени потреби на објектот кои во текот на денот и соларно зрачење овозможуваат овој „одржлив енергетски објект„ да биде и потполно енергетски независен.

УЧЕСНИЦИ

На настанот може да се пријават сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти на заинтересираните претпријатија кои нудат енергетски услуги и опрема за енергетска ефикасност од една страна, и коминтентите од деловниот и јавниот сектор и финансиските институции.

Се повикуваат за учество и останати институции, организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на проекти за одржлив развој, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и/или подготовка и реализација на институционална рамка за политиките на одржлив развој и енергетска ефикасност.

ЕУРЕМ МК промотивно видео https://youtu.be/yDwAI97oqxs
ЕУРЕМ обука 2018 https://www.sbch.org.mk/povici/%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D0%BE%D0%...

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Пријавување учество на семинарот се врши со пополнување на пријавата дадена на линкот СНИМИ ПРИЛОГ која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk Контакт тел. 070 223 686, (02) 244 8077. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис и дополнителен попуст 10% за два и повеќе пријавени учесници.

КОТИЗАЦИЈА: 1.950,00ден.

  1. Сабота, Декември 15, 2018

    Теми кои ќе се обработат на семинарот:

    - Раководење со проект

    • Избор на тема за проектот
    • Истражување на статус кво
    • Развој и пресметка на енергетски оптимално решение
    • Споредба на ефикасноста на цената
    • Изготвување на презентација за управување
    • Распоред на проектот
    • Контрола на трошоците
    • Евалуација и оценка на перформансите

    - Применливи решенија за подобрувањето на енергетската ефикасност во индустрискиот и во јавниот сектор сектор и услуги поврзани со климатските промени за намалување на емисиите на стакленички гасови (GHG) и создавање на намалување на емисии врз основа на проекти или "јаглеродни кредити"

    - Презентација на проектни концепти од доменот на:

    • Инвестиции во енергетска ефикасност на јавни објекти со примена на мерки за енергетска ефикасност,
    • Инвестиици во обновливи извори на енергија за сопствени потреби на јавни објекти,
    • Заштеда на енергија со примена на напредни ИКТ решенија