"Управување со цената на енергијата"

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Пракса и законски норми

20 Февруари 2021
PROMO VIDEO
https://www.youtube.com/watch?v=0csAfTk1peU

Правните субјекти можат да изберат добавувач на енергијата, но можат и да произведуваат енергија пред се за сопствени потреби, а со дополнителни инвестиции за заштеда на потрошувачката на енергија и соработка со енергетските компании да произведуваат и продаваат вишоци енергија.

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија, "ADRIA FInance HUB" и „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на семинарот „Управување со цената на енергијата" , кој ќе се организира на 20 Февруари 2021 г.

ЗАКОНИ ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Обврската за избор на добавувач на електрична енергија на либерализираниот пазар правните субјекти го прават врз основа на интерните анализи од обучен кадар (енергетски менаџери). Главната работа на енергетските менаџери е да ги најдат најефикасните начини за управување и производство на енергија во деловните објекти и производни процеси.

Мерење и управување со податоците за трошоците на енергијата, е обврска за претпријатијата која произлегува од Член 15 на Законот за енергетска ефикасност и избор на добавувач на електрична енергија согласно правилата на либерализиран енергетски пазар 01.01.2019.
Првите енергетски контроли во јавниот сектор и големите претпријатија ќе се реализраат согласно Законот за енергетска ефикасност донесен во февруари 2020 год. Согласно Законот, обврската на правните субјекти за енергетска контрола може да ја реализираат интерно со обучен кадар кој е дел од сертифициран систем за управување со енергијата или животната средина , или со помош на ангажирани надворешни овластени контролори.

----------------------------------------------------------------

ЕУРЕМ - обука за енергетски менаџери

ЕУРЕМ МК промотивно видео https://youtu.be/yDwAI97oqxs
ЕУРЕМ обука http://www.cosmoinnovate.com.mk/obuki/magjunarodniobuki/energetskaefikas...

---------------------------------------------------------------

Пријавување учество на семинарот се врши со пополнување на пријавата дадена на линкот http://sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-Seminar%20za%20Upravuvanje%20so%20cenata%20na%20energijata.doc или на банерот најдоле >> СНИМИ ПРИЛОГ која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk Контакт тел. 070 223 686, (02) 244 8077. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис. Настанот ќе се реализира on-line преку Skype платформата.

КОТИЗАЦИЈА: 6.150,00ден.

  1. Сабота, Февруари 20, 2021

    АГЕНДА

    1. Законски основи за цена и трговија со енергија

    - Законски и подзаконски акти
    - Закон за енергетика и Закон за енергетска ефикасност
    - Регулаторна Комисија за Енергетика
    - Цена на енергијата - тарифен систем
    - Пазар на електрична енергија - Трговци со издадени лиценци за трговија со електрична енергија и претпријатија со лиценци за снабдување со електрична енергија
    - Пазар на природен гас, пазар на нафата и нафтени деривати, пазар на топлинска и геотермална енергија

    2. Директиви на ЕУ - либерализација на енергетски пазар

    - пазар на електрична енергија
    - тргување со емисии
    - договори за енергетски услуги

    3. Управување со трошоците за енергијата во компаниите и организациите

    - пресметка на цената на енергијата
    - системи за управување со енергијата
    - управување со оптоварувањето