ФИНАНСИСКА И АДМИНИСТРАТИВНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Менаџмент Клуб

Целта на работилницата е учесниците да ја подобрат организацијата на финансиска, општа и правна документација и планирање на човечките ресурси во своите претпријатија и компании. Практична практична примена на прописите од сферата на работните односи, финансии, општи и правни работи, архивско работење, организација на канцеларија и човечки ресурси придонесува за подигање на професионалната компетенција на одговорните за финансиска и административна организација.

На работилницата „Финансиска и Административна Организација„ на 11, 18 и 25 Април 2017 г. Г-ѓа Ирена Крстевска, DDV Consulting низ практична работа со документи ќе ги разработи функциите на трговските друштава од организациски и економско-правен аспект и со ценетите гости ќе се разменат искуства и воспоставена пракса во одделите на човечки ресурси, финансии, сметководство, деловни секретари/администрација во своите компании и организации.

КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување деловни контакти. Можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост но и приватни лица. Менаџмент Клуб КМБ е отворена платформа за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите.

Програмата ќе се реализира со ТРИ предавања по 120 мин, три вторници во ист термин.

Работилницата ќе се одржи во три модули/ предавања на 11, 18 и 25 Април 2017 година (вторник) од 17.30 - 19.30 часот, во Скопје.

Пријавување учество на тро-дневната работилница на 11, 18 и 25 април 2017 г. на линкот „ПРИЈАВИ СЕ„ или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на факс: (02) 244 8134 или на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис.

КОТИЗАЦИЈА: 2.900,00ден.

  1. Вторник, Април 11, 2017

    Модул - администрација на човечки ресурси:

    месечна пресметка на плата: основна плата, пресметка од бруто кон нето и од нето кон бруто, боледување, надоместоци на трошоци поврзани со работа(дневници за службени патувања, користење на сопствено возило за службени потреби) , пријава и одјава на работници - пријавување социјално осигурување (М1), одјавување социјално осигурување (М2) , договори за вработување М1/М2,

    Модул - финансии:

    контрола и комплетирање на сметководствена документација , проверка на формална, материјална и пресметковна исправност на документите, финансиски картици, извештаи, водење благајна, изготвување на фактури и основни финансиски документи, пресметка на даноци, водење на книги на влезни/излезни фактури

    Модул - општа правна документација:

    конфирмација на документи и архивска евиденција - водење деловодник, примање и издавање документи, стандарди и прописи, примена на правила на евиденција, дописи, известувања, одлуки, подготовка на распоред на работни активности

04/11/2017 to 04/25/2017
Add to Calendar