Финансиски Анализи во Excel

Меаџмент Клуб

Финансиските показатели од работењето на претпријатијата и организациите се содржат во финансиските извештаи

Целта на работилницата е учесниците да ги совладаат методите на примена и толкување на финансиски извештаи за носење одлуки во тековното и идно работење на претпријатието и организацијата. Правилното толкување на финансиските извештаи доведува до информации за трошоците и нивното влијание во секојдневното работење и овозможува планирајте и буџетирање на финансиските средства за наредниот период.

Предавач и модератор на работилницата „Финансиски Анализи во Excel„ на 13 и 20 март 2017 г. е Г-н Владимир Матевски , менаџер Vision Consulting Ценетите гости ќе разменат искуства и воспоставена пракса за Управување со обртните средства во своите компании и организации.

КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување деловни контакти. Можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост но и приватни лица. Менаџмент Клуб КМБ е отворена платформа за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите.

Работилницата ќе се реализира во два дена на 13 и 20 март 2017 година (понеделник) од 17.30 - 19.30 часот, во Скопје.

Програмата ќе се реализира со две предавања по 120 мин, два понеделника во ист термин.

Целта на обуката е учесниците да ги совладаат методите на примена и толкување на финансиски извештаи за носење одлуки во тековното и идно работење на претпријатието и организацијата. Правилното толкување на финансиските извештаи ќе доведе до реални информации за трошоците и нивното влијание во секојдневното работење, што ќе придонесе за планирање и буџетирање на финансиските средства за наредниот период, обезбедување финансиски средства за тековно работење или дополнително инвестирање.

Пријавување учество на дводневната работилницата на 13 и 20 март 2017 г. на линкот „ПРИЈАВИ СЕ„ или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на факс: (02) 244 8134 или на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис.

КОТИЗАЦИЈА: 2.900,00ден.

  1. Понеделник, Март 13, 2017

    Финансиски анализи со Excel
    (дво-дневна обука)
    - анализа на финансиски извештаи, прогноза на годишни приходи,
    прогноза на финасиски извештаи
    - 13 и 20 март 2017

03/13/2017 to 03/20/2017
Add to Calendar