Adriatic Business Club 2017

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Основање & Иницијален состанок

Standard членките на Комората на Мал Бизнис кои имаат воспоставена деловна релација со компании и организации од земјите на Adriatic регионот (Италија, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Грција) се иницијатори и оснивачи на Adriatic Business Club. Се повикуваат и останатите членки на Комората на Мал Бизнис за вмрежување во Adriatic Business Club , планирање и реализација на Програмата на Adriatic Business Club за 2017 год.

Фокусот на деловната соработка е кон новите членки на НАТО - Црна Гора и Албанија, споделување на искуства и учество во инвестициските проекти поттикнати со безбедносните гаранции на НАТО во комбинација со Медитеранските и Транснационални програми за поддршка на Фондовите на Европската Комисија.

Зачленување & Иницијален состанок - 24 Мај 2017 г.

Иницијативи и предлози за програмата Adriatic Business Club 2017 сите заинтересирани можат да ги предложат во пријавата за учество на иницијалниот состанок на 24 Мај 2017 год. Заинтересираните ќе бидат информирани и за можноста да се приклучат кон предстојните активности на Adriatic Business Club:

- Деловна делегација - Црна Гора 15-17 Јуни 2017 год. - Минстерство за Економија на Црна Гора, Унија на работодавачи на Црна Гора, Конференција KODIP
- Бизнис Форум на WB6 земјите на Западен Балкан во Трст, Италија 12 јули 2017

Повикани за учество се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во креирање на деловната и техничката соработка помеѓу Република Македонија и земјите од интерс на Adriatic Business Club

Програма.на Adriatic Business Club >>>
https://www.sbch.org.mk/platformi/%D0%B0%D0%B4%D1%80%D0%B8%D0%B0%D1%82%D...

Иницијативи и предлози за програмата на Adriatic Business Club сите заинтересирани можат да ги предложат во пријавата за учество на иницијативниот состанок на 24 Мај 2017 год. - дадена во прилог која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901 На настанот се повикуваат сите постоечки и нови Standard и Premium членки на Комората на Мал Бизнис - настанот поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти.

КОТИЗАЦИЈА: 6.180,00ден.

  1. Среда, Мај 24, 2017