CHP Проекти Гас-Централи (мали биогасни & големи на природен гас)

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Когенеративни постројки

SEI Consortium (Sustainable Energy and Infrastructure Consortium) подготвуваат и изведуваат когенеративни постројки и гасни агрегати со имплементација на машини од фабриката на MAN во Нинберг, Германија, согласно партнерството на ЕУРЕМ МК во мрежата на EUREM Consortium Nurenberg.

EUREM Consortium мрежата и ЕУРЕМ МК овозможуваат професионални и сеопфатни консултантски услуги во врска со енергетски потреби и можат да обезбедат ефикасно управување со енергијата во разни објекти: Болници, Туристички комплекси, Индустриски објекти, Базени, Станбени комплекси, Пречистителни станици. EUREM поединечно развива целокупен концепт за намалување на трошоците. Ова вклучува идентификација и визуелизација на енергетски интензивни потрошувачи и откривање на потенцијалот за заштеда.

Семинарот се однесува на приоритетни проекти и инвестиции за енергетска ефикасност поддршани од институции и организации во Македонија и регионот. Во Агендата на семинарот е предвидено стручно предавање за Комбинирано производство на топлотна и електрична енергија.
Учесниците на настанот, потенцијални партнери и спонзори, ќе можат да ги промовираат своите проекти и идеи за проекти кои можат да добијат поддршка од достапните регионални фондови за енергетска ефикасност, кредитните линии за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на комерцијалните банки.

- Когенеративните постројки се еден од најкористените извори за добивање на енергија од природен гас при што се произведува електрична и топлинска енергија. Некои од постројките обезбедуваат и енергија за ладење, кое се именувани како тригенеративни електрани.

- Мини когеренативните централи користат локални ресурси (отпадна биомаса, биогас и сл) се користат за самостојно затоплување на поголеми затворени комплекси (резиденцијалниот сектор, хотелиерство и угостителство, објекти на јавните услужни дејности, прехранбена индустрија) или како дисперзиран систем за греење на реонски центри (општини, рурални населби,села) при што произведената електрична енергија локалната самоуправа или комерцијален комплекс ја користи за сопствени потреби,а вишокот електрична енергија за продажба и поврат на инвестицијата.

- Компанијата MAN (Maschinenfabrik Augsburg-Nürnberg) во Нинберг е OEM партнер кој обезбедува сервис и одржување на вградените MAN машини.

------------------------------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата на линкот „СНИМИ ПРИЛОГ„ , која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk или пријавување on-line на линкот „Пријави се„. Учесниците кои сакаат да учествуваат со промоција на услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901

КОТИЗАЦИЈА: 5.400,00ден.

  1. Сабота, Април 28, 2018

    Комбинирано производство на топлотна и електрична енергија

    1. Основен концепт и придобивки
    • Основен концепт
    • Примарни енергетски придобивки
    • Компоненти
    • Ефикасност
    • Димензии

    2. Teхнологија:
    •CHP видови и функции
    • Микро CHPs
    • Мини CHPs
    • Мали CHPs
    • Средни CHPs
    • Големи CHPs
    • Горивни ќелии
    • CHPC (Комбинирана топлина, електрична енергија и ладење)

    3. Хидраулика и контрола
    • Настани поврзани со топлината
    • Електрични приклучоци
    • Работни режими

    4. Дизајн
    • Работни параметри
    • Важни критериуми

    5. Економичност и законски прописи
    • Инвестициони трошоци
    • Трошоците за одржување
    • СНР Закон
    • Пример за економичност