ФИНАНСИСКО АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ

Општа финансиска и правно-кадровска администрација

Целта на семинарот е учесниците да ја подобрат организацијата на финансиска, општа и правна документација и администрација на човечките ресурси во своите претпријатија и компании. Практична примена на прописите од сферата на работните односи, финансии, општи и правни работи, архивско работење, организација на канцеларија и човечки ресурси придонесува за подигање на професионалната компетенција на одговорните за финансиска и административна организација.

Обуката се реализира дуално, 30-40% теоретска настава, 60-70% практична настава. Програмата се реализира во соработка со Агенцијата за Вработување на РСМ која овозможува избор на соодветен кадар и програма за поддршка со активни мерки за вработување во претпријатијата.

На обуката за „Финансиско Административен Асистент„ Г-ѓа Ирена Крстевска, DDV Consulting и Д-р Арсе Петрески низ практична работа со документи ќе ги разработи функциите на трговските друштава од организациски и економско-правен аспект и со ценетите гости ќе се разменат искуства и воспоставена пракса во одделите на човечки ресурси, финансии, сметководство, деловни секретари/администрација во своите компании и организации.

КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?

Семинарот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување деловни контакти. Можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост но и приватни лица. ProExcellent е сертифицирана тренинг програма за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите.

Семинарот ќе се одржи во шест предавања (понеделник) од 17.30 - 19.30 часот, во Скопје.

Пријавување учество со пополнување на пријавата дадена на https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20%20Delovna%20organizacija%20i%20finansii_0.doc или банерот „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077, 070 223 686. Можност за плаќање на 2 месечни рати. Цена 5.900,00 ден, потврда со уплата на 1 рата. Котизацијата за учество е со 10% попуст за два и повеќе пријавени од иста организација.

КОТИЗАЦИЈА: 5.900,00ден.

  1. Понеделник, Септември 30, 2019

    Почеток на настава:

    21 Октомври 2019

    Пријави со уплата на 1 рата
    Цена: 5.900,00 ден на 2 месечни рати

    ПРОГРАМА:

    ОПШТА ПРАВНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

    конфирмација на документи и архивска евиденција - водење деловодник, примање и издавање документи, стандарди и прописи, примена на правила на евиденција, дописи, известувања, одлуки, подготовка на распоред на работни активности

    ФИНАНСИСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

    месечна пресметка на плата: основна плата, пресметка од бруто кон нето и од нето кон бруто, боледување, надоместоци на трошоци поврзани со работа(дневници за службени патувања, користење на сопствено возило за службени потреби) , контрола и комплетирање на сметководствена документација , проверка на формална, материјална и пресметковна исправност на документите, финансиски картици, извештаи, водење благајна, изготвување на фактури и основни финансиски документи, пресметка на даноци, водење на книги на влезни/излезни фактури

    ПРАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

    Трудово право: пријава и одјава на работници - пријавување социјално осигурување (М1), одјавување социјално осигурување (М2) , договори за вработување М1/М2, колективни договори, материјална одговорност, заштита на правата на работниците, инспекциски надзор од областа на работните односи

    Заштита при работа и безбедност и здравје при работа: мерки за заштита при работа, прописи за безбедност и здравје при работа, обврски на работодавецот, права и обврски на работниците, претставник за заштита при работа, инспекциски надзор, овластувања за проценка на ризик, тестирање и контрола на работната опрема.

09/30/2019
To event remaining 9 days
Add to Calendar