Македонски ден за енергетска ефикасност 2018

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Smart City - Smart Region

Македонски ден за енергетска ефикасност 2018 (Smart City-Smart Region) ќе се реализира во Скопје на 18 Мај 2018 г. во организација на Стопанската Комора на Мал Бизнис на РМ, ЕУРЕМ МК поддржано од мрежата на EUREM Consortium на Индустриската Комора на Нинберг, Германија, http://www.energymanager.eu/ ; Институт Јозеф Стефан - Центар за Енергетска Ефикасност, Љубљана, Словенија; Енергетски Бизнис Институт, Виена, Австрија; Мета Групација, Италија; и „Националниот Конзорциум за Одржлива Енергетика и Инфраструктура„

Целта на настанот е презентирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија за расположивите финансиски инструменти за регионални проекти на „Националниот Конзорциум за Одржлива Енергетика и Инфраструктура„. Учесниците на настанот се повикани за соработка со Националниот Конзорциум.

Приоритетните цели на настанот се иницирани од програмите на Германскиот Технички Клуб / Deutsch Technische Club, Adriatic Business Club и ЕУРЕМ МК - Здружение на енергетски менаџери кои повикуваат за поддршка на иницијативата и учество од заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на проекти за одржлив развој, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и/или подготовка и реализација на институционална рамка за политиките на одржлив развој и енергетска ефикасност.

------------------------------------------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Пријавување учество се врши со пополнување на пријавата дадена во прилог кои ќе ги доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901

КОТИЗАЦИЈА: 1.850,00ден.

  1. Петок, Мај 18, 2018

    Националниот Конзорциум за Одржлива Енергија и Инфраструктура„ , на иницијатива на EUREM MK, ќе организира иницирачка проектна работилница и семинар за одржливо аплицирање на информатичка технологија Green + IT = GREEN IT

    Содржина

    1. Да се биде зелен, мода или потреба?

    2. Дефиниција за Зелен ИТ

    - Основни елементи во Зелениот ИТ

    - Општо прифатени дефиниции на Зелено ИТ

    - Начини за достигнување на Зелено ИТ Зелен дизајн, Зелено производство, Зелена употреба, Зелено одлагање, Концепт и опасност од Зелено Перење (Green Wash)

    3. Причини за воведување на Зелен ИТ

    - Постоечки регулативи, Потрошувачката на електрична енергија во ИТ секторот , Токсичните материи во ИТ секторот , Суровини кои се користат

    4. Smart City концепт – имплементирање на Зелено ИТ

    5. Промена на начинот на работа

    6. Имплементирање на одржлива Green IT стратегија за примена на мерки за енергетска ефикасност и создавање на еколошки чисто информатичко општество (Green Society)

05/18/2018
To event remaining 1 day
Add to Calendar