Гасни Централи за производство на електрична енергија и топлина

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Природен гас (гасификација) и биогас постројки

Семинарот се однесува на проекти и инвестиции за когенеративни постројки со гасни турбини и гасни агрегати за производство на електрична и тополтна енергија од природен гас и биогас поддржани од Adria Finance HUB, институции и финансиски организации во Македонија и регионот. Во Агендата на семинарот е предвидено стручно предавање за Комбинирано производство на топлотна и електрична енергија.

Примери за примена во:
- преработка на месо и месни производи https://www.youtube.com/watch?v=J-DE1UCKD_U
- shopping-mall и деловни објекти https://www.youtube.com/watch?v=FOXLvKr0WM4
- клинички центри , болници https://www.youtube.com/watch?v=8svYyABeFfk
- хотели, SPA центри и спортски комплекси https://www.youtube.com/watch?v=X-dxv9X6JoM
- биогас постројка од органски отпад https://www.youtube.com/watch?v=0nvwZxkyS74
- постројка за гасификација од дрвна маса https://www.youtube.com/watch?v=QoGD6CpyCbM со Otto гасна турбина https://www.youtube.com/watch?v=NzegIOGCnqI

Adria Finance HUB e платформа за поддршка на инвестициски фондови и финансиски инструменти на ризичен капитал за поддршка на развојни проекти https://www.sbch.org.mk/platformi/adria-finance-hub

SEI Consortium (Sustainable Energy and Infrastructure Consortium) за потребите на континуирано и стабилно производство на електрична енергија (природен гас и биогас) подготвуваат и изведуваат когенеративни постројки и гасни агрегати со имплементација на машини од фабриката на MAN во Нинберг, Германија, согласно партнерството на ЕУРЕМ МК во мрежата на EUREM Consortium Nurenberg.

EUREM Consortium мрежата и ЕУРЕМ МК овозможуваат професионални и сеопфатни консултантски услуги во врска со енергетски потреби и можат да обезбедат ефикасно управување со енергијата во разни објекти со променлива потрошувачка на енергија за сопствени потреби и примена на Capstone Microturbine: Болници, Туристички комплекси, Индустриски објекти, Базени, Станбени комплекси, Пречистителни станици. EUREM поединечно развива целокупен концепт за намалување на трошоците. Ова вклучува идентификација и визуелизација на енергетски интензивни потрошувачи и откривање на потенцијалот за заштеда.

- Когенеративните постројки се еден од најкористените извори за добивање на енергија од природен гас при што се произведува електрична и топлинска енергија. Некои од постројките обезбедуваат и енергија за ладење, кое се именувани како тригенеративни електрани.

- Мини когеренативните централи користат локални ресурси (отпадна биомаса, биогас и сл) се користат за самостојно затоплување на поголеми затворени комплекси (резиденцијалниот сектор, хотелиерство и угостителство, објекти на јавните услужни дејности, прехранбена индустрија) или како дисперзиран систем за греење на реонски центри (општини, рурални населби,села) при што произведената електрична енергија локалната самоуправа или комерцијален комплекс ја користи за сопствени потреби,а вишокот електрична енергија за продажба и поврат на инвестицијата.

- Компанијата MAN (Maschinenfabrik Augsburg-Nürnberg) https://www.man-es.com/oil-gas/products/gas-turbines во Нинберг е OEM партнер кој обезбедува сервис и одржување на вградените MAN машини.

- Capstone Turbine Corporation https://www.capstoneturbine.com/ е водечка компанија во USA со најнапредни светски технички решенија за off-grid и дистрибуирано производство на електрична енергија со микротурбини

Adria Finance HUB e платформа за поддршка на инвестициски фондови и финансиски инструменти на ризичен капитал за поддршка на развојни проекти https://www.sbch.org.mk/platformi/adria-finance-hub

Учесниците на настанот, потенцијални партнери и спонзори, ќе можат да ги промовираат своите проекти и идеи за проекти кои можат да добијат поддршка од достапните регионални фондови за енергетска ефикасност, кредитните линии за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на комерцијалните банки.

------------------------------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата на линкот http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20Proekti%20za%20Gas-Centrali_0.doc која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk . Предавањето е планирано да се реализира on-line преку Skype платформата. Информации на 070 223 686, (02) 244 8077.

КОТИЗАЦИЈА: 6.150,00ден.

  1. Сабота, Јули 11, 2020

    Комбинирано производство на топлотна и електрична енергија

    1. Основен концепт и придобивки
    • Основен концепт
    • Примарни енергетски придобивки
    • Компоненти
    • Ефикасност
    • Димензии

    2. Teхнологија:
    •CHP видови и функции
    • Микро CHPs
    • Мини CHPs
    • Мали CHPs
    • Средни CHPs
    • Големи CHPs
    • Горивни ќелии
    • CHPC (Комбинирана топлина, електрична енергија и ладење)

    3. Хидраулика и контрола
    • Настани поврзани со топлината
    • Електрични приклучоци
    • Работни режими

    4. Дизајн
    • Работни параметри
    • Важни критериуми

    5. Економичност и законски прописи
    • Инвестициони трошоци
    • Трошоците за одржување
    • СНР Закон
    • Пример за економичност