Деловна делегација Црна Гора 21-23 Септември 2017

Стопанската Комора на Мал Бизнис во координација со Амбасадата на Република Црна Гора во Македонија, Министерството за Економија на Црна Гора и Унија Послодавца Црне Горе организира деловна делегација во Црна Гора од 21-23 Септември 2017 год.

Агенда на делегацијата

1. Саем на градежништвои енергетика , Будва - поддржан од Министерство за Економија на Црна Гора ,
- конференција за енергетика и енергетска ефикасност
- B2B состаноци со членови на делегацијата

2. Унија на работодавци на Црна Гора (Унија Послодавца Црне Горе)
- предлог проекти за заеднички настап на регионални проекти во Западен Балкан WB6
- учество на проекти поддрѓани од Германски Технички Клуб и Индустриската Стопанска Комора на Нинберг, Германија

3. Министерство за Економија на Црна Гора
- Регионален Проект за Фонд за Енергетска Ефикасност и достап до финансии за мали и средни претпријатија
- Регионален проект на ЕУРЕМ МК -обука енергетски менаџмент на администрацијата на локалната самоуправа
- Трансфер на германски технологии за проектирање и изградба на мали и средни хидроцентрали
- Регионален проект - Стратегија за изградба на одржливи хидроцентрали во Западен Балкан

Пријавување изразување на интерес

Пријавување изразување на интерес за учество во деловната делегација се врши со пополнување на пријавата на линкот http://www.sbch.org.mk/file/246/download?token=JI-c1aG5. Пријавување заклучно со 31 Август 2017 година.

Забелешка: Ве молиме пополнетите пријави да ги доставите на е-маил: info@sbch.org.mk Контакт тел. 070 271 901, (02) 244 8077.

Котизација за учество во предстојната деловна делегација изнесува 95,00 ЕУР за Basic членови, 55,00 ЕУР за Standard и Premium членови (котизацијата се однесува на организирање на деловните состаноци и логистика на делегацијата). Tранспортни трошоци, влезница за саем и две ноќевања учесниците во делегацијата самостојно ги подмируваат.

Во договор со учесниците на делегацијата се организира самостоен или групен транспорт.