Енергетски карактеристики на новиот објект на Општина Ѓорче Петров, 24 Јануари 2018 г.

Тим на ЕУРЕМ МК во состав Дарко Спировски, Александар Јовановски, Марјан Ненов и Едвард Софески изврши увид на новиот објект на Општина Ѓорче Петров со цел утврдување на енергетските карактеристики на објектот и можност за подобрување на истите со воведување обновливи извори на енергија за сопствени потреби. Согласно воспоставената соработка со Општина Ѓорче Петров после увидот на објектот и техничката документација ќе се предложат мерки за енергетска ефикасност и подобрување на енергетските карактеристики на објектот.