Координација за Италијански Бизнис Форум

Делегација на Стопанската Комора на Мал Бизнис на 19 Февруари 2018 г. ќе учествува на престојниот Регионален Бизнис Форум - Italy and Balkan Partnership кој има за цел да ја промовира и поттикне економската соработка помеѓу Италија и дел од земјите од западен Балкан (Македонија, Албанија и Косово) со фокус на секторите: инфраструктури, енергија, животна средина и иновации. http://italybalkanpartnership2018.ice.it

Комората на Мал Бизнис ќе промовира проекти за воспоставување мрежа на мали хидроелектрани во Црна Гора, Албанија, Косово и Македонија на иницијатива на групацијата „Мали Хидроелектрани Западен Балкан„ при Комората. Во координација со членките на Adriatic Business Club членовите на Делегацијата ќе можат да промовираат пред потенцијалните партнери од Италија, Албанија и Косово и други проекти од секторите инфраструктури, енергија, животна средина и иновации.

Иницијативи и предлози за програмата на Делегацијата на Комората на Форумот сите заинтересирани можат да ги предложат во пријавата за учество во Adriatic Business Club - http://www.sbch.org.mk/file/329/download?token=eXMqwcjQ - која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: 070/271-901 (за нови членки на Комората да се пополни и пристапница за зачленување http://www.sbch.org.mk/file/328/download?token=vHxX2HK4)

Програма и активности на Adriatic Business Club на линкот http://www.sbch.org.mk/platformi/%D0%B0%D0%B4%D1%80%D0%B8%D0%B0%D1%82%D0...