Студија за мапирање на локации на водотеците во РМ за HPS/HPP (Hydro Power Screw Technology) мали хидроцентрали со пилот проект

Во Министерството за животна средина и просторно планирање на 14 Август 2017 г. со Заменик Министерот - М-р Јани Макрадули оствари работем состанок делагација на Стопанската Комора на Мал Бизнис предводена од Г-н Бране Стафановски - координатор на групацијата Мали Хидроцентрали Западен Балкан при Комората. На состанокот беше презентиран планот на групацијата за производство на мали HPS/HPP хидроцентрали (машинскиот дел) под Германска лиценца и монтажа на истите на достапните водотеци во Македонија и земјите на Западен Балкан. На М-р Јани Макрадули му беше презентирано проектно барање за изработка на Студија за мапирање нса локации на водотеците во РМ погодни за инсталација на овој тип мали хидроцентрали.

Заедничкиот заклучок на состанокот беше да се подготви пилот проект за изработка и инсталација на една типска хидроцентрала како подлога за изработка на студијата. Поддготвена е и Нацрт Агенда на активности со предлог финансиска конструкција планирана да се обезбеди од достапните ИПА и билатерални фондови на ЕУ.