Бизнис HUB

Согласно програмските определби Стопанската комора на мал бизнис на РМ во соработка со интернационалната групација Meta-Group www.meta-group.com им помага на регионалните јавни организации да дизајнираат, да ги подобрат и имплементираат програмите за поддршка за иновации, претприемништво и трансфер на технологија.

Проекти:

1. Интернационализација на програми за ИТ истражување и развој со иницирање институционални реформи во системот на истражување и развој

Согласно Првиот Столб за обезбедување бизнис поддршка на ИКТ компаниите од Акцискиот План на краткорочната ИКТ стратегија 2016-2017 за користење на ЕУ фондовите HORIZON 2020 и COSME , и Согласно препораките на Краткорочната ИКТ стратегија 2016-2017 за подобрување на системската конкурентност – меѓународна конкурентност на македонската ИТ индустрија на Мезо-ниво предвидено е поголемо вклучување на ИКТ компании во проекти за меѓународна соработка. Таргетирани се проекти за Истражување и развој (R & D) и проекти за пристап до капитал и финансирање на компаниите. Како негативни показатели за интернационализација на настапот на Макеоднските компании се перцепцирани:
- недостаток на знаење, подготвеност, искуство, модел итн. за соработка помеѓу македонските ИТ компании и воспоставување соработка базирана на Јавно-приватно партнерство со државниот сектор - ниска употреба на можности за финансирање за бизнисите преку средствата понудени од страна на меѓународните институции, фондации и програми.

Со цел поттикнување подобра искористеност на Европските програми за иновации и развој потребно е воспоставување на процес на анализи, дијалог, меѓусебно информирање и учење на засегнатите страни, особено со претставници на истражувачки мрежи, организации на иноватори и иинституционалните претставници.
Проектот кој се предлага овозможува дијалог за политиките на ИТ развој со вклучување релевантни засегнати страни на три нивоа:
носителите на одлуки,
институциите за имплементација и
оперативните структури.

Преку размена на мислења, дискусија и меѓусебно информирање меѓу релевантните засегнати страни, ќе бидат обликувани препораки за политиките за институционална реформа и примена, и ќе се утврдат активностите за имплементација за успешно надградба на политиките.

Извор за финансирање: Делегација на ЕУ

2. Студија за воспоставување Глобална Иновативна Платформа за поддршка на развој на инкубатори и акцелератори со инвестициски фондови и финансиски инструменти на ризичен капитал за поддршка на развојот на ИКТ start-up и spin-off компании и проекти

Согласно Првиот Столб за обезбедување бизнис поддршка на ИКТ компаниите од Акцискиот План на краткорочната ИКТ стратегија 2016-2017, и Согласно препораките на Краткорочната ИКТ стратегија 2016-2017 за поддршка на иницијативи за развој на инкубатори и акцелератори предлагаме проект – изработка на Студија за развој и дефинирање на бизнис модел на финансирање со инвестициски фондови и финансиски инструменти на ИКТ start-up и spin-off компании и проекти.

Студијата ќе предложи организациски мерки за синергија на засегнатите страни и воспоставување на Глобална Иновативна Платформа за препознатливост (градска, регионална или на државата) за привлекување инвестициски фондови и финансиски инструменти за поддршка на развојот на ИКТ start-up и spin-off компании и проекти.

Со студијата ќе се испланираат активности за меѓусебна соработка на акцелераторите, инкубаторите, локалните власти, големите компании и фондови со ризичен капитал за да ги поттикнат стартапите и да ги решат предизвиците за одржлив развој на градот/регионот. Со цел тестирање на предложената платформа ќе се развие пилот-проект за прототип на финансирање развој на софтвер за Cloud computing модел на апликации наменети за пазарите на Скандинавија и Германија.

Извор за финансирање: УСАИД, Светска Банка, Здруженија на Бизнис Ангели