EUREM MK

Поради поголема потреба од стручно познавање на законските прописи во Република Македонија и стандардите и законите во Европската Унија, кои се стремиме да ги прифатиме во делот на реконструкција на градежните објекти со заштеда на енергијата, односно намалување на потрошувачката на енергија по единица производ во стопанските објекти со истовремено зачувување на животната средина, потребно е здружување на стручниот потенцијал во малите и средни претпријатија.

Што претставува Здружението за енергетска ефикасност EUREM MK?

Здружението за енергетска ефикасност EUREM MK претставува платформа за здружување на енергетските експерти, со цел заедничка изработка или учество во посложени проекти кофинансирани од средства од фондовите на ЕУ наменети за нашата земја или регионот или за учество во конзорциум од локални партнери во проекти од јавен интерес кои се реализираат со државни средства.
Поддршка при сертифицирањето на знаената од областа на енергетската ефикасност на претставниците на Здружението за енергетска ефикасност е проектот EUREMPlus, односно обуката за европски енергетски менаџери - EUREM.

Членови во Здружението за енергетска ефикасност EUREM MK можат да бидат само правни субјекти кои имаат вработено сертифицирани учесници на обуката за европски енергетски менаџер.
Придружни членови во Здружението за енергетска ефикасност EUREM MK можат да бидат правни субјекти чии вработени се учесници во тековна обука за европски енергетски менаџер или имаат пријавени учесници за претстојна обука за европски енергетски менаџер со обврска обуката успешно да ја завршат во рок од две години по првата пријава.

EUREM MK портал
http://mk.eurem.net/