Делегација за Интернационален Саем во Солун, Грција

Покана за учество во делегација и
ПОСЕТА НА ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ СОЛУН 13-14 СЕПТЕМВРИ 2019

Ве повикуваме за пријавување учество во делегација на Стопанската Комора на Мал Бизнис која се организира на иницијатива на Германскиот Технички Клуб во соработка со Германско-Грчката Индустриска Стопанска Комора (Deutch-Griechische Industri und Handelskammer) и Adriatic Business HUB. Целта на делегација е остварување конкретни деловни контакти и договори за деловна соработка со представници на Германското и Грчкото стопанство за конкретни предлог проекти и бизнис концепти.
Во програмата на посетата е планирана посета на Thessaloniki International Fair 2019 https://tif.helexpo.gr/en и слободен термин за разгледување на градот и сезонските попусти

ГЕРМАНСКИ ТЕХНИЧКИ КЛУБ - Deutsch Technische Club
http://www.sbch.org.mk/platformi/%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1...

КОТИЗАЦИЈА И ТРОШОЦИ ЗА УЧЕСТВО

-Деловна делегација Солун - 13-14 Септември 2019 -

Котизација за учество во предстојната деловна делегација изнесува 35,00 ЕУР за Standard и Premium членови кои имат уплатено чланарина за 2019 год. - 55,00 ЕУР за не-членки на Комората.
(котизацијата се однесува на организирање на деловните состаноци и логистика на делегацијата). Хотелските трошоци - ноќевања, транспортни трошоци и влезници за саем учесниците во делегацијата самостојно ги подмируваат.

Во договор со учесниците на делегацијата се организира самостоен или групен транспорт со мини-бус и резервација на ноќевањата.

Повикани за учество се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, локалната самоуправа и останати организации.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПОТВРДА

Ве молиме да го пријавите Вашето учество деловната делегација со пополнување на формуларот, даден на линкот подоле кој ќе го доставите на е-маил: info@sbch.org.mk Контакт тел. 070 271 901.

Formular za prijavuvanje ucestvo vo delegacija Solun 2019
https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Formular%20za%20prijavuvanje...

Потврда за учество со уплата на котизацијата заклучно вторник 10 Септември 2019 г.

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

ГЕРМАНСКИ ТЕХНИЧКИ КЛУБ - Deutsch Technische Club

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk