Деловна делегација и студиска посета на Нинберг, Германија

Ве повикуваме за пријавување учество во деловна делегација на Стопанската Комора на Мал Бизнис која се организира на иницијатива на Германскиот Технички Клуб во соработка со Индустриската Стопанска Комора на Нинберг (Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken) и Majoor Engeneering Management. Целта на деловната делегација е остварување конкретни деловни контакти и договори за деловна соработка со представници на Германското стопанство за конкретни предлог проекти и бизнис концепти.

Пријавување предлог проекти (програми)

Учесниците во делегацијата е потребно да испратат портфолио на матичното претпријатие/организација и прилог бизнис предлог (концепт), бизнис план, проектен концепт, инвестициски план/студија за соработка со Германски партнери за трговија на производи и услуги, инвестиции во производство, трансфер на технологија, заедничко вложување во проекти, компании или приватно јавно партнерство. Патувањето ќе се реализира од 26-28 Јуни 2017 год.

Пристап до финансии и достапни финансиски програми

За поддршка на предложените проекти и програми на учесниците на деловната делегација Комората на Мал Бизнис достави повик до достапните финансиски програми и организации пред кои на менаџмент сесија ќе се презентираат конкретни програми и типски проекти за донаторско и комерцијално финансирање во деловниот сектор, јавните установи и институциите на локалната самоуправа. Менаџмент сесијата се реализира на 9 Јуни 2017 год.

Акционен План на Германскиот Технички Клуб е фокусиран на приоритетни извозни производни и услужни индустрии/дејности:
* металопреработувачка индустрија
* прехранбена индустрија
* информатика
* проектирање и инжинеринг - градежни проекти, индустриски процеси, автоматизација, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Германски Технички Клуб (Програми)
- Енергетика и Енергетска Ефикасност
- Интегрирање на Процеси и Автоматизација
- Информатичка Технологија
- Вмрежување, извозна поддршка и посредништво

КОТИЗАЦИЈА И ТРОШОЦИ ЗА УЧЕСТВО

- Менаџмент сесија „Поддршка и финансирање проекти„ - 9 Јуни 2017 http://www.sbch.org.mk/content/%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B4%D1%80%D1%88%D0%B...

На настанот можете да учествувате активно со презентација на предлог проект или пасивно како публика.

Котизацијата за пасивно учество е воедно и годишна чланарина во Комората на Мал Бизнис - Basic членство која изнесува 1.535,00 ден.
Котизација за активно учество е воедно и годишна чланарина во Комората на Мал Бизнис -Standard членство која изнесува 6.180,00 ден.
Попуст 10% за два и повеќе пријавени од исто претпријатие/организација.
Попуст 50% за членови на Комората со уплатена чланарина за 2017 година

- Деловна делегација Нинберг - 26-28 Јуни 2017 -

Котизација за учество во предстојната деловна делегација изнесува 195,00 ЕУР за Basic членови , 135,00 ЕУР за Standard и Premium членови(котизацијата се однесува на организирање на деловните состаноци и логистика на делегацијата). Хотелските трошоци - три ноќевања и транспортни трошоци учесниците во делегацијата самостојно ги подмируваат.

Во договор со учесниците на делегацијата се организира самостоен или групен транспорт со мини-бус.

Ве молиме да го пријавите Вашето присуство на менаџмент сесијата и/или деловната делегација со пополнување на формуларите дадени во прилог кои ќе ги доставите на е-маил: info@sbch.org.mk Контакт тел. 070 271 901 .

Formular za prijavuvanje ucestvo vo delegacija Ninberg 2017
http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Formular%20za%20prijavuvanje%...

Prijava - Pristap do finansii i dostapni finansiski programi
http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20%20Pristap%20do...

Повикани за учество се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, локалната самоуправа и останати организации.

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

Центар за финансирање и менторска поддршка
Германски Технички Клуб

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk