Деловна делегација и студиска посета на Нинберг, Германија

Ве повикуваме за пријавување учество во деловна делегација на Стопанската Комора на Мал Бизнис која се организира на иницијатива на Германскиот Технички Клуб во соработка со Индустриската Стопанска Комора на Нинберг (Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken) и Majoor Engeneering Management. Целта на деловната делегација е остварување конкретни деловни контакти и договори за деловна соработка со представници на Германското стопанство за конкретни предлог проекти и бизнис концепти.

Пријавување предлог проекти (програми)

Учесниците во делегацијата е потребно да испратат портфолио на матичното претпријатие/организација и прилог бизнис предлог (концепт), бизнис план, проектен концепт, инвестициски план/студија за соработка со Германски партнери за трговија на производи и услуги, инвестиции во производство, трансфер на технологија, заедничко вложување во проекти, компании или приватно јавно партнерство.

Пристап до финансии и достапни финансиски програми

За поддршка на предложените проекти и програми на учесниците на деловната делегација Комората на Мал Бизнис достави повик до достапните финансиски програми и организации пред кои на менаџмент сесија ќе се презентираат конкретни програми и типски проекти за донаторско и комерцијално финансирање во деловниот сектор, јавните установи и институциите на локалната самоуправа.

Акционен План на Германскиот Технички Клуб е фокусиран на приоритетни извозни производни и услужни индустрии/дејности:
* металопреработувачка индустрија
* прехранбена индустрија
* информатика
* проектирање и инжинеринг - градежни проекти, индустриски процеси, автоматизација, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Германски Технички Клуб (Програми)
- Енергетика и Енергетска Ефикасност
- Интегрирање на Процеси и Автоматизација
- Информатичка Технологија
- Вмрежување, извозна поддршка и посредништво

КОТИЗАЦИЈА И ТРОШОЦИ ЗА УЧЕСТВО

Котизација за учество во предстојната деловна делегација изнесува 295,00 ЕУР за Basic членови , 235,00 ЕУР за Standard и Premium членови (котизацијата се однесува на организирање на деловните состаноци и логистика на делегацијата). Хотелските трошоци - три ноќевања и транспортни трошоци учесниците во делегацијата самостојно ги подмируваат.

Во договор со учесниците на делегацијата се организира самостоен или групен транспорт со мини-бус.

Ве молиме да го најавите Вашиот интерес за учество во деловната делегација со допис кој ќе го доставите на е-маил: info@sbch.org.mk Контакт тел. 070 271 901 .

Повиканети за учество се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, локалната самоуправа и останати организации. Реализација на патувањето во договор со пријавените учесници - реализација со поединечни претставници од една организација/компанија или група од различни организации/компании.

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

Центар за финансирање и менторска поддршка
Германски Технички Клуб

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk