Деловна делегација и учество на годишна EUREM конференција во Прага, Чешка од 5-9 Ноември 2018 г.

- Повик за учество во Деловна делегација -

Сите заинтересирани македонски компании заинтересирани за воспоставување деловна соработка со компании од Чешка претставувани од Германско-Чешката Индустриска Стопанска Комора - партнерот на ЕУРЕМ МК во мрежата EUREM Consortium се повикуваат да пријават интерес за учество во делегацијата. Со секоја компанија ќе се работи поединечно за обезбедување потенцијален Чешки партнер, а согласно структурата на делегацијата ќе се организира и групна посета на организации и институции, вклучувајќи и учество на IX-та Меѓународна Конференција на Европски енергетски менаџери. Рокот за пријавување е краток со цел подобра подготовка и планирање на најавените деловни активности.

IX-та Меѓународна Конференција на Европски енергетски менаџери , 6-7 Ноември 2018, Прага, Чешка www.eurem-conference.com Организаторот на IX-та Меѓународна Конференција на Европски енергетски менаџери е Германско-Чешката Индустриска Стопанска Комора. Поголемиот дел од учесниците на конференцијата се експерти за енергија од производствената индустрија и енергетски интензивни компании, добавувачи на енергија или провајдери на енергетски услуги.

НАЦРТ ПРОГРАМА

6 ноември 2018 - Прага, Чешка

- регистрирање на конференцијата во AHK | Deutsch-Tschechische Industrie- und Handelskammer www.dtihk.cz

- работни сесии А-D (дадени на www.eurem-conference.com)

- свечена вечера

7 ноември 2018 - Прага, Чешка

- работни сесии E-F (дадени на www.eurem-conference.com)

- B2B состаноци и networking со членки на ЕУРЕМ мрежата за проекти од областа на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

- презентација на EUREM AWARDS 2018 - наградени проекти во изминатиот циклус

8 ноември 2018 - Гусинг, Австрија

- посета на European Center for Renewable Energy (EEE) Gussing - Австрија http://www.eee-info.net/cms/EN/ - презентација на т.н. "Gussing model" за децентрализирано локално производство на енергија со сите расположиви обновливи извори во регионот. Демонстрација на: Biomass power plant Güssing - Fluidised steam gasification (Thermal Gasification) , Biogas facility in Strem - Biogas (Biological gasification) , Biomass Long Distance Heating Plant Güssing (Firing)

9 ноември 2018 - Марибор, Словенија

- посета на Регионална Стопанска Комора на Мал Бизнис на Штаерска и компании во Марибор и регионот Штаерска

КОТИЗАЦИЈА

Трошоците за учество во предстојната деловна делегација изнесуваат 345,00 ЕУР/учесник (котизацијата се однесува на организација на програмата на делегацијата и транспорт со туристичко комбе) - 10% попуст за членки на Комората. Хотелските трошоци - три ноќевања во Прага и едно во Марибор учесниците во делегацијата самостојно ги подмируваат. Листа на Хотелите е дадена на конференциската веб страна. Влезница за учество на конференцијата изнесува 150 ЕУР/учесник. Цената за водич во European Center for Renewable Energy (EEE) Gussing е 200 ЕУР за целата група.

За учесници во деловната делегација се покануваат сите заинтересираните фирми и организации - заинтересирани за соработка со„ЕУРЕМ„ мрежата за проекти во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

За повеќе информации околу Конференцијата и Македонската Делегација ве молиме слободно да не контактирате.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пополнете ја пријавата дадена на линкот http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20delovna%20deleg... , и доставете ја на e-mail info@sbch.org.mk

Контакт телефон: 070 223 686, (02) 244 8077

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

Германски Технички Клуб
Стопанска Комора на Мал Бизнис

бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134

info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk