Деловна делегација Црна Гора 21-23 Септември 2017

Ве повикуваме за пријавување учество во деловна делегација на Стопанската Комора на Мал Бизнис во Република Црна Гора од 21-23 Септември 2017 год. Целта на деловната делегација е остварување конкретни деловни контакти и договори за деловна соработка со представници на Црно-Горското стопанство за конкретни проекти и регионална соработка.

Агенда на делегацијата

1. Саем на градежништво и енергетика , Будва - поддржан од Министерство за Економија на Црна Гора ,
- конференција за енергетика и енергетска ефикасност
- B2B состаноци со членови на делегацијата

2. Унија на работодавци на Црна Гора (Унија Послодавца Црне Горе)
- предлог проекти за заеднички настап на регионални проекти во Западен Балкан WB6
- учество на проекти поддржани од Германски Технички Клуб и Индустриската Стопанска Комора на Нинберг, Германија

3. Министерство за Економија на Црна Гора
- Регионален Проект за Фонд за Енергетска Ефикасност и достап до финансии за мали и средни претпријатија
- Регионален проект на ЕУРЕМ МК -обука енергетски менаџмент на администрацијата на локалната самоуправа
- Трансфер на германски технологии за проектирање и изградба на мали и средни хидроцентрали
- Регионален проект - Стратегија за изградба на одржливи хидроцентрали во Западен Балкан

Приоритетни производни и услужни индустрии/дејности

* металопреработувачка индустрија - изработка и монтажа на метални конструкции, лимарски работи и др.
* градежништво - изведба на градежни работи - ниско градба и високо градба
* проектирање и инжинеринг - градежни проекти, електро-машински проекти, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија - мали и средни хидроцентрали, соларни централи

Пријавување изразување на интерес

Пријавување изразување на интерес за учество во деловната делегација се врши со пополнување на пријавата дадена во прилог.
Пријавување заклучно со 15 Септември 2017 година.

Котизација за учество во предстојната деловна делегација изнесува 95,00 ЕУР за Basic членови, 55,00 ЕУР за Standard и Premium членови (котизацијата се однесува на организирање на деловните состаноци и логистика на делегацијата). Tранспортни трошоци, влезница за саем и две ноќевања учесниците во делегацијата самостојно ги подмируваат.

Ве молиме пополнетите пријави http://www.sbch.org.mk/file/246/download?token=JI-c1aG5 да ги доставите на е-маил: info@sbch.org.mk Контакт тел. 070 271 901, (02) 244 8077.

Со почит,

Стопанска Комора на Мал Бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk