Дуален тренинг за металопреработка со активни мерки за вработување

Ги повикуваме претпријатијата со металопреработувачка дејност и заинтересиран кадар за стручна обука и вработување за учество на програмата „Дуален тренинг со активни мерки за вработување„ која ја организираат Комората на мал бизнис со Агенцијата за вработување.

Компаниите можат да обучуваат, квалификуваат и пре-квалификуваат сопствен кадар за дадените програми и да обучат нов кадар кој ќе можат да го вработат. Програмата се реализира во соработка со Агенцијата за Вработување на РСМ која овозможува избор на соодветен кадар и програма за поддршка со активни мерки за вработување.
Заинтересираните претпријатија за активно учество во програмата предходно во непосредни контакти и состаноци ќе бидат информирани за модуларниот пакет за сертифицирана тренинг теоретска и практична обука во организација на Германски Технички Клуб во Комората на Мал Бизнис. Компаниите можат да обучуваат, квалификуваат и пре-квалификуваат сопствен кадар за дадените програми и да обучат нов кадар кој ќе можат да го вработат.

Информации на тел.070 223 686 или по е-маил info@sbch.org.mk

Програмата вклучува локални курсеви за стручно образование кои се релевантни за локалниот пазар на труд и имаат дуален карактер. Обуките се реализираат дуално:

- теоретската настава во соработка со тренинг провајдер од Стопанската Комора на Мал Бизнси кој ќе обезбеди инструктори со релевантно професионално искуство и ќе реализира обука со соодветни професионални и интерперсонални стандарди
- практичната индустриска настава се реализира во компаниите

Ги молиме заинтересираните компании да го пријават учеството во програмата заклучно со 16 Септември 2019 г. со пополнување на пријавата во Германскиот Технички Клуб (дадена на линкот http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20Germanski%20Teh...), која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk
Заинтересираните поединци за учество во групите кои ќе се обучуваат со можност за вработување да испратат свое CV и мотивационо писмо заклучно со 14 Октомври 2019 г. на e-mail info@sbch.org.mk

Повикани за учество се заинтересирани приватни компании од металопреработувачка дејност и поединци заинтересирани за учество во обуките со можност за вработување. Почнувајќи од Ноември 2019 ќе се реализира циклус обуки за:

- машино- бравари
- опслужувачи на CNC машини

ЗАБЕЛЕШКА:

- Активно учество на компаниите во програмите на Deutsch Technische Club е ограничено за Standard и Premium членки на Комората.

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех

Small Business Chamber - business success networking

Германски Технички Клуб

Стопанска комора на мал бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk