Европски Институт за енергетска ефикасност и одржлив развој

Иницијативниот Одбор на Европски Институт за енергетска ефикасност и одржлив развој

повикува стручни соработници од научно-експертската јавност за учество во реализацијата на програмските содржини на Институтот кои се од мултинаучен и просторно регионален карактер

Повикот е отворен за сите заинтересирани поединци, организации, институции и претпријатија.
Поединците е потребно да испратат CV со пропратно писмо, правните субјекти е потребно да испратат портфолио на организацијата со прилог CV на клучниот стручен персонал.

„Европскиот Институт за енергетска ефикасност и одржлив развој„ е иницијатива на Институтот за Енергетика и Бизнис - Виена, Австрија, Зружението ЕУРЕМ МК и Националниот Конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој, а во согласност со Акционата Програма за енергетска ефикасност 2017-2018 за техничко-експертска поддршка на Националниот Фонд за Енергетска Ефикасност на Република Македонија.

Иницијален Одбор

Остварувањето на развојните цели и одржливост во енергетскиот сектор на Република Македонија се дефинирани со закони и подзаконски акти, како и со повеќе развојни планови (стратешки документи) кои исто така ги дефинираат и стратешките цели. Сите овие документи се усогласени со политиките на ЕУ, па така Македонија ги поддржува целите на ЕУ до 2020 година: намалување на потрошувачката на енергија за 20%, намалување на емисии на загадувачки супстанции за 20% и зголемување на процентот на енергија произведен од обновливи извори на енергија за 20% во бруто потрошувачката на финална енергија.

Во светло на климатските промени, обврската на смалување на емисиите на СО2, падот на цените на обновливите извори на енергија и огромниот потенцијал за заштеда на енергија и пари низ мерките на енергетската ефикасност сметаме дека преку Фондот за Енергетска Ефикасност и Институтот за енергетска ефикасност и одржлив развој , Р.Македонија треба да го избере патот на одржливиот развој на енергетските ефикасни системи и со тоа да се отворат нови работни места што би го овозможиле овој Фонд и Институт.

Д-р Арсе Петрески – одржлив развој – меѓународно право - координатор на Европски Институт за енергетска ефикасност и одржлив развој

Д-р Катерина Вељановска Блажевска – проект менаџмент, меѓународно право, ЕУ законодавство - Претседател на Собранието на Стопанска Комора на Мал Бизнис

Д-р Благица Сековска – EUREM тренер – одржлив развој - координатор на Национален Конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој

Dr. Robert Schmidt – President – EUREM Consortium, Nurenberg, Germany - www.energymanager.eu

Dr. Friedrich Kapusta– Managing Director Energieinstitut der Wirtschaft GmbH, Vienna, Austria www.energieinstitut.net

Dr. Boris Sucic – Jozef Stefan Institute, Energy Efficiency Centre Slovenia http://www.rcp.ijs.si/ceu/

ЕУРЕМ МК - Здружение за енергетска ефикасност

Здружение за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК со членки сертифицирани енергетски менаџери од EUREM Consortium Нинберг, Германија. Програмска определба на организацијата е изработка на одржливи енергетски ефикасни проекти за објектите во експлоатација на деловниот сектор и јавната администрација.

ПОВИК за ЕУРЕМ 2017 на линкот http://www.sbch.org.mk/povici/eurem-%D0%BE%D0%B1%D1%83%D0%BA%D0%B0-2017

Национален конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој

Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој, на иницијатива на EUREM MK и Собранието на Стопанската комора на мал бизнис на Македонија, се основа за поддршка на претстојните локални, регионални и проекти од интерес на членките.

Заинтересираните соработката со Националниот Конзорциум може да ја остварат како Придружен член или како Под-изведувач на проектите. >>>

Членови на Националниот Конзорциум е потребно да поседуваат сертификација и искуство за изработка и управување со проекти за енергетска ефикасност и сертифицирана обука за енергетски менаџер, енергетски проект менаџер

Под-изведувачи на проектите ќе бидат дел од базата на заинтересирани соработници. Активностите за тековните проекти на Националниот Конзорциум под-изведувачите ќе можат поблиску да ги следат како членови на Комората на Мал Бизнис

пријава во Национален Конзорциум >> http://www.sbch.org.mk/file/134/download?token=07eKFRbo

Доставување на пријавите
Пријавите (CV и портфолио) , доставете ги на e-mail info@sbch.org.mk

Контакт телефон: 070 702 133, (02) 244 8077

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

Национален Конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој
Здружение за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk