Македонско Кредитно Биро

Македонско Кредитно Биро управува со најголемата и единствена база на податоци за обврските на правните и физичките лица во Република Македонија, кои се однесуваат на обврски по кредити, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци и други услуги.

Македонско Кредитно Биро (МКБ) во соработка со Стопанската комора на мал бизнис и овластениот продажен агент КОСМО Иновативен Центар овозможува на членките бесплатно софтверско решение за користење на услугите. МКБ.ИМПУЛС која е ефикасна интернет платформа која Ви ги става на дофат на рака најквалитетните податоци за фирмите во Република Македонија за да одлучите со сигурност. Исто така, преку оваа интернет платформа можете да ги пријавите своите побарувања и должници и да ги почувствувате придобивките од оваа единствена можност во Република Македонија

Членките на МКБ имаат единствена можност на македонскиот пазар, да ги користат податоците, производите и услугите на МКБ кои Ви помагаат да имате увид во моменталната задолженост и платежните навики на Вашите сегашни и потенцијални деловни соработници и да не правите грешки во проценка на нивната солвентност.

МЕЃУНАРОДНИ ИЗВЕШТАИ

Доколку сте извозно ориентирана компанија, проверете го Вашиот нов партнер од странство за да бидете посигурни дека нема да се доведете во опасност да не можете да го наплатите побарувањето. МКБ во соработка со странски партнер, нуди можност за компаниите во Република Македонија, да побараат меѓународни извештаи со квалитетни бонитетни информации за повеќе од 200 милиони компании од над 230 земји од целиот свет. Меѓународните извештаи се наменети за сите македонски компании кои се вклучени во меѓународни односи со партнери, клиенти и добавувачи од целиот свет. За користење на оваа услуга потребно е претходно потпишување Договор за меѓународни услуги.

БАРАЊЕ ЧЛЕНСТВО ВО МКБ

Пополнете го формуларот за членување во МКБ http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Formular%20za%20clenuvanje%20... и испратете го на info@sbch.org.mk.
Со склучување на Договор со МКБ за регулирање на меѓусебните прави и обврски станувате членка на МКБ според избраниот тарифен пакет на годишно ниво.

Тарифни пакети на линкот http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prilog_Tarifni%20Paketi.doc
Тарифа за надоместоци на услугите (членки и не-членки) на линкот http://www.mkb.mk/mk/docs/tarifa.pdf

Лице за контакт и агент на МКБ:

Едвард Софески, тел. 070 223 686, (02) 244 8077, edwards@sbch.org.mk

Договорете состанок и менторска поддршка на Комората на мал бизнис и Македонско кредитно биро !