Мали Хидроцентрали Западен Балкан

Ве повикуваме за пријавување учество во деловна делегација на Стопанската Комора на Мал Бизнис која се организира на иницијатива на Германскиот Технички Клуб во соработка со Индустриската Стопанска Комора на Нинберг (Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken) и Majoor Engeneering Management. Целта на деловната делегација е остварување конкретни деловни контакти и договори за деловна соработка со представници на Германското стопанство за конкретни предлог проекти и бизнис концепти.

Majoor Engineering Management (портфолио)

Majoor Engineering Management е компанија која нуди наменска иновативни решенија за имплементација на технологии во вашитe бизнис процеси. Tимот на Majoor Engineering Management има силна позадина во истражување и развој на бизнисот на иновативни индустриски производи и решенија. За предстојните проекти поддржани од инструментите на Берлинскиот Процес и финансиските линии на KWF, EBRD i EIB Majoor Engineering Management нуди нови технологии во изградба на мали и средни хидроцентрали. За реализација на проектите потребно е партнерство со локални компании со референци и експертиза за изведба на градежни работи, електрична - машинска подготовка и монтажа на опрема за мали и средни хидроцентрали.

Повик за соработници

За поддршка на предстојните проекти за изградба на мали и средни хидроцентрали "Националниот Конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој" повикува соработници - заинтересирани приватни компании и останати организации и засегнати страни. Пријавување со пополнување на пријавата дадена во прилог. Деловната делегација на Комората на Мал Бизнис и представници на "Националниот Конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој" ќе отпатува во Нинберг, Германија во втората половина на јуни 2017 г.

Национален конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој

Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој, на иницијатива на EUREM MK и Собранието на Стопанската комора на мал бизнис на Македонија, се основа за поддршка на претстојните локални, регионални и проекти од интерес на членките.

Заинтересираните соработката со Националниот Конзорциум може да ја остварат како Придружен член или како Под-изведувач на проектите.

Придружните членови на Националниот Конзорциум е потребно да поседуваат сертификација и искуство за изработка и управување со проекти за енергетска ефикасност - членство во EUREM MK Здружението - сертифицирана обука за енергетски менаџер, енергетски проект менаџер - препорачана програма на www.eurem.net или сродна.

Под-изведувачи на проектите ќе бидат дел од базата на заинтересирани соработници. Активностите за тековните проекти на Националниот Конзорциум под-изведувачите ќе можат поблиску да ги следат како членови на Комората на Мал Бизнис

Доставување на пријавите

Пополнете ја пријавата дадена на линкот http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20za%20sorabotnik%20n... , и доставете ја на e-mail info@sbch.org.mk

Контакт телефон: 070 271 901, (02) 244 8077

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

Германски Технички Клуб
Стопанска Комора на Мал Бизнис

бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134

info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk