ПОВИК ЗА ДОСТАВА НА ПОРТФОЛИО ЗА УЧЕСТВО НА ПРОЕКТИ

Листа на проекти и проектни концепти со финансирање од ЕУ фондови и Светска Банка со почеток на реализација во 2018/19 год. е дадена на линкот http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/PROJECT%20PROPOSALS%20ACCORDI...

За подготовка на изведбените проекти и проект менаџментот на реализацијата на проектите под надзор на странските партнерите, повикуваме изведувачи со портфолио во кое се вклучени:

- просторни, технички и човечки ресурси за реализација на проектите

- референци за изведба на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергијата

- референци за проектирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергијата

- референци за учество на меѓународни проекти менаџирани од ЕУ или САД

- сертификат за енергетски менаџери или енергетски проект менаџер

- Standard членство во Комората на мал бизнис;

(*) Premium членство за партнерски проекти

Ве повикуваме да ни го доставите портфолиото на вашето претпријатие поради презентација пред проектните лидери.

(*) За реализација на програмските цели на Владата на Република Македонија, а воедно и исполнување на критериумите на Европската Комисија во однос на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија Стопанската комора на мал бизнис на РМ во соработка со Здружението за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК (http://mk.eurem.net) и членките - ЕУ сертифицирани Енергетки Менаџери изработи „Акциона Програма за енергетска ефикасност 2017-2018„ со проектни концепти на приоритетни проекти за постигнување на националните таргети за заштеда на енергија во објектите на јавната администрација, локалната самоуправа и индустриски/деловни објекти.

Листата на проекти и партнери согласно обзбедените буџети се надополнува. До крајот на септември се подготвуваат помали-пилот проекти за почеток на реализација во 2018 год, а до крајот на ноември ќе се поднесуваат проектни концепти за проектирање на буџетите за финансирање на проекти во 2019 год.

Premium и Standard Членки на Комората се повикани да учествуваат во подготовка и реализација на проектите кои се спроведуваат преку ЕУРЕМ МК и преку останатите групации во Комората:

- Германски Технички Клуб
- Национален Конзорциум за одржлива енергетика и инфраструктура - SEI Consortium
- Мали Хидроцентрали Западен Балкан
- Адриатик Бизнис Клуб
- Глобална Иновативна Платформа

Македонска Организација на ЕУ сертифицираните Енергетски Менаџери е Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК„. Членки на Комората на Мал Бизнис можат да бидат придружни членки на ЕУРЕМ МК како тековни учесници на обуката ЕУРЕМ до нивно сертифицирање и полноправно членство.

Контакт на тел. 070 223 686

EUREM MK Здружение за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

http://mk.eurem.net/

Стопанска Комора на Мал Бизнис

бул.Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

тел. +389 2 244 8077, 244 8134 фах.+389 2 244 8134

e-mail: info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk