ПОВИК ЗА ПОД-ИЗВЕДУВАЧИ ЗА МОНТАЖА И ОДРЖУВАЊЕ НА КОТЛИ

- Групација за производство, продажба, одржување и монтажа на котли -

Работен состанок и увид во компании, 8-9 Август 2017

Стопанската Комора на Мал Бизнис во соработка со Индустриската Стопанска Комора на Нинберг (Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken) на 27 јуни реализираше посета на фабриката на Bosch во Gunzenhausen за производство на индустриски котили, а во соработка со Индустриската Стопанска Комора на Штаерска и Waltis на 29 Јуни реализираше деловна посета на погони за производство на котли на биомаса.  Договорено е формирање групација за производство, продажба, одржување и монтажа на котли за резиденцијално и затоплување на административни и индустриски објекти наменети за пазарите во земјите на Западен Балкан. Изработката на котлите во Македонија ќе се организира од компаниите на Групацијата на металопреработувачи во Комората.

ПОВИК ЗА ПОД-ИЗВЕДУВАЧИ ЗА МОНТАЖА И ОДРЖУВАЊЕ НА КОТЛИ
 (продажба,проектирање и изведување на котли на биомаса и топловодни системи)

За поддршка на предстојното производство, продажба, одржување и монтажа на котли  "ЕУРЕМ МК" повикува соработници - заинтересирани приватни компании и останати организации и засегнати страни. Пријавување со пополнување на пријавата дадена во прилог. 

EUREM Macedonia-IHK eForen

   Со Акционата Програма за Енергетска Ефикасност 2017-2018 на ЕУРЕМ МК за Владата на РМ планирано е изработка на Закон за Енергетска Ефикасност од септември 2017 год. во кој согласно Directive (EU) 2015/2193 за ограничување на емисиите на одредени загадувачки материи во воздухот од постројки за согорување за употреба на териоторијата на РМ предвидено е сертифицирање на котлите на биомаса за резиденцијална и индустриска намена. 
    За реализација на проектите подготвени од сертифицираните проектанти на ЕУРЕМ МК и поддржани од финансиските линии за енергетска ефикасност на EBRD и EIB потребно е партнерство со локални компании со референци и експертиза за изведба и монтажа на системи за греење со котли на биомаса.

ЕУРЕМ МК - EUREM Macedonia-IHK eForen, е организација на Македонски енергетски менаџери сертифицирани од EUREM Consortium - Нинберг, Германија со цел заедничка изработка или учество на проекти кофинансирани од средства на фондовите на ЕУ наменети за Македонија или регионот или за учество во конзорциум од локални партнери во проекти од јавен интерес кои се реализираат со државни средства.
 
Заинтересираните соработката со ЕУРЕМ МК може да ја остварат како Член или како Под-изведувач на проектите.
Членови во EUREM MK Здружението - е потребно да поседуваат сертифицирана обука за енергетски менаџер, енергетски проект менаџер - препорачана програма на www.energymanager.eu  или сродна. 
Под-изведувачи на проектите ќе бидат дел од базата на заинтересирани соработници со обврска претставник од компанијата да се сертифицира по програмата на EUREM Consortium повеќе на линк >>> . Активностите за тековните проекти на ЕУРЕМ МК под-изведувачите ќе можат поблиску да ги следат како членови на Комората на Мал Бизнис.

Доставување на пријавите
Пополнете ја пријавата дадена на линкот http://www.sbch.org.mk/file/250/download?token=I-lDFCAJ , и доставете ја на e-mail info@sbch.org.mk
Контакт телефон: 070 271 901, (02) 244 8077

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

Здружение за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК
Стопанска Комора на Мал Бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk