ПОВИК ЗА ПОД-ИЗВЕДУВАЧИ ЗА ТОПЛОТНИ КОТЛИ И ТОПЛОТНИ СИСТЕМИ

Online-конференција
“Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во индустријата во С. Македонија” , 30 јуни 2020 година

Повикуваме членки на Комората на Мал Бизнис да пријават интерес за B2B состанок со Германските компании - учесници на онлајн-конференција „Енергетска ефикасност и обновиливи извори на енергија во индустријата во С. Македонија“ која се одржа на 30 јуни 2020 година во организација на Делегацијата на Германското Стопанство. Германските компании се заинатересирани за продажба,производство и монтажа на котли на биомаса и топловодни системи за биогас постројки.

Доколку сакате да се сретнете со една или со повеќе фирми, Ве молиме контактирајте нѐ до 17.07.2020, за да може да Ви закажеме виртуелен состанок. Состаноците мора да се одржат најдоцна до 31 јули 2020 година.

-------------------------------------------------------------------------------------------------

Работен состанок и увид во компании, 8-9 Август 2017

Стопанската Комора на Мал Бизнис во соработка со Индустриската Стопанска Комора на Нинберг (Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken) на 27 јуни реализираше посета на фабриката на Bosch во Gunzenhausen за производство на индустриски котили, а во соработка со Индустриската Стопанска Комора на Штаерска и Waltis на 29 Јуни реализираше деловна посета на погони за производство на котли на биомаса.  Договорено е иницирање програма за производство, продажба, одржување и монтажа на котли за резиденцијално и затоплување на административни и индустриски објекти наменети за пазарите во земјите на Западен Балкан. Изработката на котлите во Македонија ќе се организира од компаниите на Групацијата на металопреработувачи во Комората.

-------------------------------------------------------------------------------------------------

ПОВИК ЗА ПОД-ИЗВЕДУВАЧИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО, МОНТАЖА И ОДРЖУВАЊЕ НА ТОПЛОТНИ КОТЛИ И ТОПЛОТНИ СИСТЕМИ
 (продажба,проектирање и изведување на котли на биомаса и топловодни системи)

За поддршка на предстојното производство, продажба, одржување и монтажа на котли  Германскиот Технички Клуб повикува соработници - заинтересирани приватни компании и останати организации и засегнати страни. Пријавување со пополнување на пријавата дадена на линкот  https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20Germanski%20Te...

-------------------------------------------------------------------------------------------------

EUREM Macedonia-IHK eForen

   Со Закон за Енергетска Ефикасност од февруари 2020 год. во кој согласно Directive (EU) 2015/2193 за ограничување на емисиите на одредени загадувачки материи во воздухот од постројки за согорување за употреба на териоторијата на РМ предвидено е сертифицирање на котлите на биомаса за резиденцијална и индустриска намена. 
    За реализација на проектите подготвени од сертифицираните проектанти на ЕУРЕМ МК и поддржани од финансиските линии за енергетска ефикасност на EBRD и EIB потребно е партнерство со локални компании со референци и експертиза за изведба и монтажа на системи за греење со котли на биомаса.

ЕУРЕМ МК - EUREM Macedonia-IHK eForen, е организација на Македонски енергетски менаџери сертифицирани од EUREM Consortium - Нинберг, Германија со цел заедничка изработка или учество на проекти кофинансирани од средства на фондовите на ЕУ наменети за Македонија или регионот или за учество во конзорциум од локални партнери во проекти од јавен интерес кои се реализираат со државни средства.
 

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

Здружение за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК
Стопанска Комора на Мал Бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk