Програма за 2018 на Adriatic Business Club

Покана за учество на Бизнис Форум: ИНВЕСТИЦИСКИ ПРОЕКТИ И МОЖНОСТИ ВО СЕКТОРИТЕ ТРАНСПОРТ, ЕНЕРГЕТИКА И ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО МАКЕДОНИЈА, Скопје 12 јуни 2018

Почитувани,

ИЧЕ Агенцијата за промоција и интернационализација на италијанските компании во странтсво при Амбасадата на Италија во Скопје има задоволство да ве покани на италијанско - македонски Бизнис Форум на тема ИНВЕСТИЦИСКИ ПРОЕКТИ И МОЖНОСТИ ВО СЕКТОРИТЕ ТРАНСПОРТ, ЕНЕРГЕТИКА И ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО МАКЕДОНИЈА, кој ќе се одржи во Скопје, на 12 јуни 2018 во хотелот Мериот.

Форумот го организираме во соработка со најголемите национални здруженија во Италија: ANCE – Национално здружение на градежни компании, OICE, национално здружение на проектанти и консултанти во секторот градежништво и ANIE, национална федерација на компании од електротехника и електроника.

На Форумот ќе учествуваат 15 италијански компании од секторите транспорт, енергетика и животна средина, заинтересирани за воспоставување на соработка со партнери од Македонија.

Во прилог ви доставуваме програма на настанот, опис на пријавените италијански компании и формулар за пријавување на учество.

Можете да го потврдите вашето учество со полонување на формуларот во прилог, на кој ве молиме да посочите со кои од наведените компании би сакале да остварите средба.

Ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до четврток 8 јуни 2018

Ви благодариме за соработката,

Алесандра Капобјанко

Директор

Agenzia per la promozione all'estero e
I'internazionalizzazione delle imprese italiane

Ufficio di Skopje
Sezione per la promozione degli scambi dell'Ambasciata d'Italia
Via Makedonija 33, Risticeva Palata apt. 6, 1000 Skopje, Macedonia

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех

Small Business Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

КООРДИНАЦИЈА за Италијански Бизнис Форум за проекти во енергетика и инфраструктура во Скопје - јуни 2018 г.

Adriatic Business Club соработува со канцеларијата на ITA (Italian Trade Agency) во организација на претстојниот тематски Италијански Бизнис Форум за проекти во енергетика и инфраструктура кој ќе се одржи во месец Јуни 2018 год. во Скопје.

Координативен состанок на заинтересираните ќе се одржи на 17 и 30 Март 2018 год.

Иницијативи и предлози за програмата на Форумот и учество на Координативниот состанок на 17 и 30 Март 2018 сите заинтересирани можат да ги предложат во пријавата за учество во Adriatic Business Club - http://www.sbch.org.mk/file/329/download?token=eXMqwcjQ - која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: 070/271-901 (за нови членки на Комората да се пополни и пристапница за зачленување http://www.sbch.org.mk/file/328/download?token=vHxX2HK4)

Повикани за учество и соработка со клубот се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во креирање на деловната и техничката соработка помеѓу Република Македонија и земјите од интерес на Adriatic Business Club .

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Sustainable Energy and Infrastructure Consortium подготвува проект Skopje Smart City. Моделот на проектот во координација со Adriatic Business Club на Стопанската Комора на Мал Бизнис е основа за регионална соработка поддржана од Фондовите за Западен Балкан , ќе се презентира за претстојниот Италијански Бизнис Форум за проекти во енергетика и инфраструктура кој ќе се одржи во месец Мај 2018 год. во Скопје.

Каталогот на SEI Consortium е достапен на линкот https://goo.gl/bKbBWo односно web страницата на Националниот Конзорциум за Одржлива Енергетика и Инфраструктура >>> http://www.sbch.org.mk/platformi/sei-consortium

ПОВИК

за проектни концепти и соработници за проект

Skopje Smart City

Партнерите во SEI Consortium повикуваат иницијативи и предлози од сите заинтересирани претпријатија, организации и поединци за учество во најавениот проект. Проктните концепти можат да ги предложат во пријавата за учество во Adriatic Business Club -http://www.sbch.org.mk/file/329/download?token=eXMqwcjQ - која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: 070/271-901

РОК ЗА ПРИЈАВИ - 27 Март 2018
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ПОВИК
за пријавување интерес за учество за Италијански Бизнис Форум за проекти во енергетика и инфраструктура во Скопје - јуни 2018 г.

Adriatic Business Club согласно критериумите на ITA (Italian Trade Agency) ќе подготви листа на македонски компании и институции кои би задоволиле критериуми за соработка на меѓународно финансирани проекти во областите енергетика и инфраструктура и воедно се членки на Национален конзорциум за одржлива енергетика и инфраструктура.

Националниот конзорциуум за одржлива енергетика и инфраструктура, на иницијатива на EUREM MK и Собранието на Стопанската комора на мал бизнис на Македонија, се основа во април 2016 год. за поддршка на претстојните локални, регионални и проекти од интерес на членките.

Заинтересираните соработката со Националниот Конзорциум може да ја остварат како Оснивачки член или како Под-изведувач на проектите. >>>

Членови на Националниот Конзорциум е потребно да поседуваат сертификација и искуство за изработка и управување со проекти за енергетика , енергетска ефикасност, животна средина или инфраструктурни проекти.
Оснивачките членови - Premium членки на Комората се воедно членови на Управен Одбор на Конзорциумот.
Под-изведувачи на проектите - Standard членки на Комората ќе бидат дел од базата на заинтересирани соработници.

пријава во Национален Конзорциум >> https://goo.gl/NKQiyR

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

КООРДИНАЦИЈА за Италијански Бизнис Форум во Тирана, Албанија - 19 Февруари 2018 г.

Делегација на Стопанската Комора на Мал Бизнис на 19 Февруари 2018 г. ќе учествува на престојниот Регионален Бизнис Форум - Italy and Balkan Partnership кој има за цел да ја промовира и поттикне економската соработка помеѓу Италија и дел од земјите од западен Балкан (Македонија, Албанија и Косово) со фокус на секторите: инфраструктури, енергија, животна средина и иновации. http://italybalkanpartnership2018.ice.it

Комората на Мал Бизнис ќе промовира проекти за воспоставување мрежа на мали хидроелектрани во Црна Гора, Албанија, Косово и Македонија на иницијатива на групацијата „Мали Хидроелектрани Западен Балкан„ при Комората. Во координација со членките на Adriatic Business Club членовите на Делегацијата ќе можат да промовираат пред потенцијалните партнери од Италија, Албанија и Косово и други проекти од секторите инфраструктури, енергија, животна средина и иновации.

Иницијативи и предлози за програмата на Делегацијата на Комората на Форумот сите заинтересирани можат да ги предложат во пријавата за учество во Adriatic Business Club - http://www.sbch.org.mk/file/329/download?token=eXMqwcjQ - која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: 070/271-901 (за нови членки на Комората да се пополни и пристапница за зачленување http://www.sbch.org.mk/file/328/download?token=vHxX2HK4)

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ПОВИК за учество

Работилница на Adriatic Business Club за утврдување на програма на активности во 2018 год. - 2 Февруари 2018 год. 12.00 часот.

Повикани за учество и соработка со клубот се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во креирање на деловната и техничката соработка помеѓу Република Македонија и земјите од интерес на Adriatic Business Club .

Во 2018 год. се планирани локални и регионални активности за промовирање на ESCO инвеститори во проекти за животна средина и одржлив развој во координација со канцеларијата на Italian Trade Agency во Скопје и мрежата на ITA канцеларии во WB6 земјите. Во соработка со економските канцеларии при Амбасадите на Република Словенија и Република Црна Гора ќе се поддржат проекти за имплементирање на нови одржливи технологии за производство од обновливи извори на енергија. Планирани се проекти за воспоставување мрежа на мали хидроелектрани во Црна Гора, Албанија, Косово и Македонија на иницијатива на групацијата „Мали Хидроелектрани Западен Балкан„ при Комората на Мал Бизнис.
Повеќе информации за програмата на Adriatic Business Club на линкот http://www.sbch.org.mk/platformi/%D0%B0%D0%B4%D1%80%D0%B8%D0%B0%D1%82%D0...

Најава за учество на состанокот, иницијативи и предлози за програмата на Adriatic Business Club сите заинтересирани можат да ги предложат во пријавата за учество - дадена на линкот за прилог - која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901
(за нови членки на Комората даден е линк и до пристапница за зачленување)

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех

Small Business Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk