Energy Community Summer School 2017

Почитувани, Би сакалe да ве информирамe дека Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергетска Ефикасност (ORF-EE), имплементиран од страна на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ), заедно со Енергетската Заедница од Виена, организираат Летна школа 2017.

Летната школа ќе се одржи во Охрид во Конгресниот Центар на Универзитетот св Кирил и Методиј (http://www.ukim.edu.mk/kc/index_eng.html), во периодот помеѓу 26-ти август и 2-ри септември 2017 година, а Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (http://feit.ukim.edu.mk/) е домаќин оваа година. Школата е наменета за студентите на магистерски или докторски студии, младитe екперти, истражувачи, невладиниот сектор, вработените во јавните институции итн. кои доаѓаат од Европа и пошироко. Тема на школата ќе биде енергија и други релевантни под-теми кои се поврзани со енергијата како главна тема. Предавачи на програмата ќе бидат реномирани високо квалификувани експерти од Европската Унија и регионот.

Сите материјали од Летната школа одржана во 2016-та година можете да ги најдете на следниот линк: (https://www.energy-community.org/portal/page/portal/ENC_HOME/SECRETARIAT...) Организаторот ги покрива трошоците за учество на летната школа и сместувањето. Краен рок за аплицирање е 31.03.2016. Дополнителни информации во поглед на школата, можете да најдете на следниот линк: https://www.energy-community.org/portal/page/portal/ENC_HOME/SECRETARIAT... Имајте во предвид дека се охрабруваат сите девојки/жени да аплицираат за учество на програмата.

Однапред ви благодарам,

Со почит,

Отворен регионален фонд за енергетска ефикасност

Ilija Sazdovski
Country Coordinator Open Regional Fund for South East Europe Energy Efficiency Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH

Aminta Treti 37/1-1 1000 Skopje,Macedonia T + 389 2 32 16 045 M +389 70 22 78 62 F + 389 2 32 16 046 E ilija.sazdovski@giz.de I http://www.giz.de