EUREM обука 2017

EUROPEAN ENERGY MANAGER
Меѓународно Сертифицирана обука за изработка на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија за финансиски линии на EBRD, EIB и KFW (проекти во Македонија и WB6 Западен Балкан)

Европската унија преку Програмата за регионална енергетска ефикасност и Фондот за зелен раст им додели нови 50 милиони евра за финансирање на енергетски проекти на земјите од Западен Балкан - согласно со зададените цели од т.н. Берлински процес. Финансирањето е потпишано и од Европската Банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Германскиот банкарски концерн KFW. http://www.sbch.org.mk/povici/wb6-business-forum-triesteitaly

Проект на EBRD (Европска Банка за Обнова и Развој) Western Balkans Regional Energy Efficiency Programme (REEP Plus)
The Regional Energy Efficiency Programme (REEP) aims to unleash the potential for greater use of renewable energy and energy efficiency measures by providing a combination of financing instruments, technical assistance and policy support to create a sustainable market for energy efficiency in the Western Balkans. REEP supports energy efficiency investments in both private and public sectors http://www.wb-reep.org/eng

Проектна финансиска линија на Фондот за зелен раст доделен на Халк Банка Скопје
The Green for Growth Fund (GGF) has lent EUR 10 million to Halkbank Skopje to increase energy efficiency (EE) in Macedonia.The GGF was initiated as a public-private partnership in December 2009 by Germany’s KfW Development Bank and the European Investment Bank, with financial support from the European Commission, the German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development, the European Bank for Reconstruction and Development, and the Austrian development bank OeEB. http://www.halkbank.mk/news-ns_article-ggf-10-mln-eur-loan-boosts-halkba...

EUREM е стандардизирана европска Energy Manager програма за обука, која се состои од курсеви, самостојно учење и практична работа, во комбинација со пристап до Европската мрежа на алумни за континуирана размена на знаења. EUREM Energy Manager концептот веќе е докажан кај персоналот на компании со значителна потрошувачка на енергија, како и кај енергетските консултанти, на кои им овозможува да планираат и имплементираат економски и еколошки ефикасни енергетски решенија за бизнисите. Во просек, секој Energy Manager развива мерки со заштеда од 750 MWh/a за неговата компанија во текот на програмата. Околу 80% од овие мерки се спроведуваат во текот на програмата, а останатите се реализираат подоцна. Поголемиот дел од проектите во компаниите се исплаќаат во рок од две до три години.

Меѓународниот сертификат за European Energy Manager на учесниците на обуката од Македонија го издава Стопанската Комора на Нирнберг - Германија, издаден на германски јазик за употреба во Сојузна Република Германија и на англиски јазик за интернационална употреба.

ПРИЈАВУВАЊЕ

пријавувањето и пополнувањето на групата е ВО ТЕК

Учесниците на предстојната обука EUREM 2017 имаат -10% попуст за PREMIUM членките во Комората на Мал Бизнис.

група: октомври 2017

пријава - http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/prijava%20za%20EUREM%20obuka%...
Пополнетата пријава испратете ја на e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

брошура (.pdf) - http://www.cosmoinnovate.com.mk/images/obuki/Energy%20Manager/Flaer%20-%...

По пријавувањето, изборот на кандидатите кои ќе учествуваат во групата го врши Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken - Индустриска Стопанска Комора на Нинберг. Завршниот сертификат за European Energy Manager го издава Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken - Индустриска Стопанска Комора на Нинберг.

За учество во проектот може да се пријават максимум три претставници од една организација.
Вкупниот број учесници е ограничен на 15 кандидати.

НАСТАВА

Обуката се реализира во десет месеци - два пати месечно по еден-три дена (петок-сабота), во мали групи со опуштена атмосфера и вклучени паузи за кафе и освежување.

ПРОГРАМА И РАСПОРЕД НА ПРЕДАВАЊА >> http://mk.eurem.net/download/attachments/536969218/Programa%20i%20raspor...

ТРОШОЦИ И КОТИЗАЦИЈА

Учесниците самостојно ги покриваат трошоците за наставата, која ќе се реализира во Скопје (160 наставни часа) во вкупна вредност од 66.500,00 денари и завршно тестирање од 6.130,00 денари со можност за плаќање на 10 месечни рати.

Повеќе информации на порталот EUREM MK http://mk.eurem.net

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР
бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија
тел. (02) 244 8077, 075 438 576 тел/фах. (02) 244 8134
e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk
www.cosmoinnovate.com.mk