Sustainable Green & Smart Regions

Промоција на Sustainable, Green & Smart Regions програма

Општина Кочани воспостави соработка со Швајцарската Фондација SWISSCONTACT со чија поддршка претставници на Општината Кочани и Здружението на енергетски менаџери ЕУРЕМ МК при Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија www.sbch.org.mk - во функција на SGS експертска поддршка https://goo.gl/2VFJU1 , подготвуваат проектна документација за проекти за подобрување на енергетската ефикасност во објекти на општината.

Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability Programme) www.ime.org.mk на Швајцарската агенција за развој и соработка и имплементирана од SWISSCONTACT поддржува проекти за одржлив економски развој и креирање работни места, зајакнување на капацитетите на јавната администрација и локалната самоуправа за креирање на поволно деловно опкружување за следните таргетирани економски сектори:

- Зелена Економија
- Туризам и угостителство

Со проектите се имплементираат активности кои овозможуваат пристап до знаење, вештини, технологии и логистички механизми за таргетирани индустрии и стимулирање на побарувачката на локални производи и услуги. Проектите овозможуваат пристап до финансирање, подобрување на дијалогот со институциите и споделување на информациите помеѓу заинтересираните чинители.

Целта на настанот е презентирање на проекти од интерес и опфат на Источниот Плански Регион, помали проекти во рамки на локалната самоуправа и деловниот сектор погодни за поддршка и финансирање преку моделите на Increasing Market Employability Programme и SWISSCONTACT.

Настанот е пријавен како единствен и официјален Македонски настан во иницијативата на Европската Комисија EUSEW - European Sustainable Energy Week, 4-8 June 2018 http://www.eusew.eu/energy-days/sustainable-green-smart

НАЦРТ АГЕНДА:

Панел I: Воспоставување одржливо опкружување и административни предуслови за регионални проекти и вмрежување на Источен Плански Регион

- Заштитени подрачја Осоговски планини и Ченгино Кале,

- Одржливи Smart Заедници

Панел II: Предизвици и транзиција кон low carbon економија

- ZERO Carbon City - урбани средини без негативно влијание на животната средина - проекти за енергетска ефикасност и примена на обновливи извори на енергија: реконструкција на системи за греење, осветлување, производство на електрична енергија за сопствени потреби - соларни системи - предлог проекти

- Инфраструктурни проекти за оптимално користење на водите и природните ресурси, преработка на комунален отпад и пречистување на отпадната комунална вода - предлог проекти

Потпишување Меморандуми за соработка на Општина Кочани со Increasing Market Employability Programme

Во името на Г-н Николчо Илиев - Претседател на Советот за развој на Источен Плански Регион Ве повикуваме за учество на настанот и да дадете придонес за успешна реализација на планираните Панел дискусии. Повикуваме претставник на општините од Источниот Плански Регион да презентираат предлог проект/и согласно предложената методологија.

Со почит,

Стопанска Комора на Мал Бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686

info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Промоција на Sustainable, Green & Smart програма

Македонски ден за енергетска ефикасност 2018 (Sustainable, Green & Smart) https://goo.gl/wv2NxT како еднодневен настан ќе се реализира во Скопје на 18 Maj 2018 г. во организација на Стопанската Комора на Мал Бизнис на РМ и Здружението на енергетски менаџери ЕУРЕМ МК, во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability Programme) на Швајцарската агенција за развој и соработка и имплементирана од Swisscontact.

НАЦРТ АГЕНДА:

Панел I: Овозможување ESCO опкружување во Република Македонија

Панел II: Одржливи Smart Заедници

Панел III: Предизвици и транзиција кон low carbon економија

Потпишување Меморандуми за соработка со локалната самоуправа

Номинирање Македонски учесници на EUREM Award 2018 Competition за претстојната IX-та Меѓународна Конференција на Европски енергетски менаџери е Германско-Чешката Индустриска Стопанска Комора http://www.sbch.org.mk/povici/9th-international-conference-european-ener...

Модератори:

Mitre Arsovski – EUREM MK Association of energy managers, President
Katerina Veljanovska Blazevska – Small Business Chamber of Commerce,
President of the Assembly

Panel I – Igor Mishevski - Green Economy Sector Manager, IME Programme
Panel II – Visar Ademi - President and CEO of My Career, HELVETAS Swiss
Interecoopeation project Co-facilitator
Panel III – Darko Spirovski - Technical Consultant and Advisor at Institute for Environment
and Heallth ,SEE University