Sustainable, Green & Smart (SGS) Project Initiatives 2019

"Sustainable Investments Forum" Green Energy Day 2019, 25 Октомври 2019 г.

Green Energy Day 2019 е годишен настан организиран од Комората за мал бизнис. Главната цел на овој форум е да им овозможи на претпријатијата и општините пристап до финансии од расположливи извори на "зелен" капитал и да привлечат алтернативни "зелени" инвеститори кои моментално не се присутни на пазарот.

ПРИЈАВУВАЊЕ АКТИВНО УЧЕСТВО

На настанот можете да учествувате активно со презентација на предлог проект, комерцијална презентација или пасивно како публика.
Повеќе на линкот >>> https://www.sbch.org.mk/content/green-energy-day-2019
Презентација на проекти може да извршат само учесници на ЕУРЕМ обуката. Проектниот концеп ќе го доставите по потврда на учество во ЕУРЕМ 2020 групата, а најдоцна до 15 Октомври 2019 г.

ЕУРЕМ ОБУКА 2020
ПОВИК >>>http://www.cosmoinnovate.com.mk/obuki/magjunarodniobuki/energetskaefikas...
ЕУРЕМ промотивно видео на линкот >>> https://youtu.be/yDwAI97oqxs

УЧЕСНИЦИ

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници, и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти.
Повикани за учество се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, локалната самоуправа и останати организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на зелени комерцијални и проекти за одржлив развој.
Програмата на настанот и сите најнови информации се објавуваат на страната https://www.sbch.org.mk/content/green-energy-day-2019

EUREM Award 2020 Competition

Номинираните проекти ќе бидат испратени до EUREM Consortium за потенцијална можност да бидат наградени на претстојната конференција во Атина на 27-28 Мај 2020 г.
https://www.sbch.org.mk/povici/10th-international-conference-european-en...

Пријавување учество

Ве молиме да го пријавите активно учеството до 30 Август 2019 г. на е-маил: info@sbch.org.mk Контакт тел. 070 223 686, (02) 244 8077.

Со почит,

Стопанска Комора на Мал Бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

SGS 2019 програма за изработка и инвестирање одржливи проекти

SGS 2019 програмата започнува на 15 Март 2019 год. со реализација на три работилници за изработка на одржливи проекти погодни за инвестирање преку Adriatic Business HUB. Работилниците ќе им помогнат на учесниците - претставници на деловниот и јавниот сектор кои имаат проектна идеја и документација за подготовка на проектен концепт соодветен за презентација пред заинтересираните инвеститори.

Работилници кои ќе се реализираат:

1. Соларни Системи - ЕСКО СОНЦЕ, 15 Март 2019 г.
2. Финансирање одржливи проекти , 23 Март 2019 г.
3. Управување со енергетски одржливи проекти, 13 Април 2019 г.

Adriatic Business Club од 2017 година во Комората на Мал Бизнис е фокусиран на соработка со компании и организации од земјите на Adriatic регионот (Италија, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Грција).
Adriatic Finance HUB e платформа за поддршка на инвестициски фондови и финансиски инструменти на ризичен капитал за поддршка на развојни проекти
Sustainable, Green & Smart (SGS) е програма за подготовка и реализација на одржливи проекти во деловен, јавен сектор и локална самоуправа, со финанисирање преку ESCO модел, ЈПП и достапни финансиски инструменти на финансиските институции, фондови и банки.

Комората на Мал Бизнис изработува проектна документација со експертиза на Програмата SGS 2019 преку субвенционирана постапка на Министерство за Економија и донаторски шеми вмрежени во Adria Finance HUB - платформа за поддршка на инвестициски фондови и финансиски инструменти на ризичен капитал за поддршка на развојни проекти https://www.sbch.org.mk/novosti/adria-finance-hub

„Инвестирање во одржливи проекти и циркуларна економија„ ќе се реализира во ЕУ Инфо Центар - Скопје на 17 Април 2019 г. во организација на Стопанската Комора на Мал Бизнис и Здружението на енергетски менаџери ЕУРЕМ МК, во соработка со Министерство за Економија - сектор за индустриски политики.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ SRIP - STRATEGIC DEVELOPMENT INNOVATION PARTNERSHIP - NETWORKS FOR THE TRANSITION TO A CIRCULAR ECONOMY

Стопанската Комора на Мал Бизнис во соработка со Стопанската Комора на Штаерска која го води проектот SRIP во рамки на модулот за интернационализација на концептот за Циркуларната Економија, ќе реализира пилот проекти во деловни субјекти (приватни компании) и субјекти од јавниот сектор (јавни претпријатија, општини и региони) во Македонија. https://www.stajerskagz.si/projekti/srip_mreze_za_prehod_v_krozno_gospod...

Циркуларната економија е одговор на сфаќањето дека постојаниот раст на економијата и потрошувачката го намалува обемот на природни ресурси, што води не само кон економски проблеми, туку и до потенцијална еколошка катастрофа. Затоа, од суштинско значење е да се елиминира концептот на отпад, да се обезбеди што е можно подолго период на циркулација на производи во употреба и да се обезбедат колку што е можно чисти и незагадени материјали со можност за повторна употреба.

Пријавување интерес за учество

Пријавување интерес за учество во пилот проектите се врши со достава на проектна идеја и портфолио на субјектот. Презентација на проектните идеи пред Словенскиот паертнер, избор на пилот проекти, и вклучување во проектните активности од почеток на 2019 год.

Забелешка: Ве молиме проектните идеи да ги доставите на е-маил: info@sbch.org.mk Контакт тел. 070 223 686, (02) 244 8077.

Со почит,

Стопанска Комора на Мал Бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Промоција на Sustainable, Green & Smart Regions програма - 29 Ноември 2018, Тетово

Институтот за животна средина и здравје при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово соработува со Стопанската Комора на Мал Бизнис од 2010 год. Програмата Sustainable, Green & Smart Regions е платформа за поголема соработка и партнерство на проекти за градење на одржливи заедници и региони со поддршка од достапните фондови и сопствени развојни човечки и технички ресурси. На покана на Д-р Вели Кречи - директор на Институтот за животна средина и здравје на 29 Ноември 2018 делегација на Комората на Мал Бизнис ќе оствари посета на Универзитетот и заедничка промоција на програмата за соработка пред повеќе гости и заинтересирани партнери од општините во Западниот Плански Регион, Министерство за локална самоуправа, пртставници на деловниот сектор, развојни и научни организации и поединци експерти и научни работници.

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Промоција на Sustainable, Green & Smart Regions програма - 3 Јуни 2018, Кочани

Општина Кочани воспостави соработка со Швајцарската Фондација SWISSCONTACT со чија поддршка претставници на Општината Кочани и Здружението на енергетски менаџери ЕУРЕМ МК при Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија www.sbch.org.mk - во функција на SGS експертска поддршка https://goo.gl/2VFJU1 , подготвуваат проектна документација за проекти за подобрување на енергетската ефикасност во објекти на општината.

Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability Programme) www.ime.org.mk на Швајцарската агенција за развој и соработка и имплементирана од SWISSCONTACT поддржува проекти за одржлив економски развој и креирање работни места, зајакнување на капацитетите на јавната администрација и локалната самоуправа за креирање на поволно деловно опкружување за следните таргетирани економски сектори:

- Зелена Економија
- Туризам и угостителство

Со проектите се имплементираат активности кои овозможуваат пристап до знаење, вештини, технологии и логистички механизми за таргетирани индустрии и стимулирање на побарувачката на локални производи и услуги. Проектите овозможуваат пристап до финансирање, подобрување на дијалогот со институциите и споделување на информациите помеѓу заинтересираните чинители.

Целта на настанот е презентирање на проекти од интерес и опфат на Источниот Плански Регион, помали проекти во рамки на локалната самоуправа и деловниот сектор погодни за поддршка и финансирање преку моделите на Increasing Market Employability Programme и SWISSCONTACT.

Настанот е пријавен како единствен и официјален Македонски настан во иницијативата на Европската Комисија EUSEW - European Sustainable Energy Week, 4-8 June 2018 http://www.eusew.eu/energy-days/sustainable-green-smart

НАЦРТ АГЕНДА:

Панел I: Воспоставување одржливо опкружување и административни предуслови за регионални проекти и вмрежување на Источен Плански Регион

- Заштитени подрачја Осоговски планини и Ченгино Кале,

- Одржливи Smart Заедници

Панел II: Предизвици и транзиција кон low carbon економија

- ZERO Carbon City - урбани средини без негативно влијание на животната средина - проекти за енергетска ефикасност и примена на обновливи извори на енергија: реконструкција на системи за греење, осветлување, производство на електрична енергија за сопствени потреби - соларни системи - предлог проекти

- Инфраструктурни проекти за оптимално користење на водите и природните ресурси, преработка на комунален отпад и пречистување на отпадната комунална вода - предлог проекти

Потпишување Меморандуми за соработка на Општина Кочани со Increasing Market Employability Programme

Во името на Г-н Николчо Илиев - Претседател на Советот за развој на Источен Плански Регион Ве повикуваме за учество на настанот и да дадете придонес за успешна реализација на планираните Панел дискусии. Повикуваме претставник на општините од Источниот Плански Регион да презентираат предлог проект/и согласно предложената методологија.

Со почит,

Стопанска Комора на Мал Бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686

info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Промоција на Sustainable, Green & Smart програма - 18 Мај 2018, Скопје

Македонски ден за енергетска ефикасност 2018 (Sustainable, Green & Smart) https://goo.gl/wv2NxT како еднодневен настан ќе се реализира во Скопје на 18 Maj 2018 г. во организација на Стопанската Комора на Мал Бизнис на РМ и Здружението на енергетски менаџери ЕУРЕМ МК, во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability Programme) на Швајцарската агенција за развој и соработка и имплементирана од Swisscontact.

НАЦРТ АГЕНДА:

Панел I: Овозможување ESCO опкружување во Република Македонија

Панел II: Одржливи Smart Заедници

Панел III: Предизвици и транзиција кон low carbon економија

Потпишување Меморандуми за соработка со локалната самоуправа

Номинирање Македонски учесници на EUREM Award 2018 Competition за претстојната IX-та Меѓународна Конференција на Европски енергетски менаџери е Германско-Чешката Индустриска Стопанска Комора http://www.sbch.org.mk/povici/9th-international-conference-european-ener...

Модератори:

Mitre Arsovski – EUREM MK Association of energy managers, President
Katerina Veljanovska Blazevska – Small Business Chamber of Commerce,
President of the Assembly

Panel I – Igor Mishevski - Green Economy Sector Manager, IME Programme
Panel II – Visar Ademi - President and CEO of My Career, HELVETAS Swiss
Interecoopeation project Co-facilitator
Panel III – Darko Spirovski - Technical Consultant and Advisor at Institute for Environment
and Heallth ,SEE University