WB6 Business Forum - Trieste,Italy

Во јули 2017 година во Трст, Италија ќе се одржи Бизнис Форум за претпријатија и организации заинтересирани за активно учество во предстојните проекти од енергетика, енергетска ефикасност и инфраструктура во земјите на Западен Балкан, а иницирани од т.н. Берлински Процес. Европската унија преку Програмата за регионална енергетска ефикасност и Фондот за зелен раст им додели нови 50 милиони евра за финансирање на енергетски проекти на земјите од Западен Балкан - согласно со зададените цели од т.н. Берлински процес. Финансирањето е потпишано и од Европската Банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Германскиот банкарски концерн KFW.

Бизнис Форумот е можност да се презентираат водечките компании од шесте земји од западен балкан во секторите инфраструктури, енергија, животна средина и иновации, како и нивните проекти за соработка со потенцијални италијански партнери. Покрај компаниите, на Бизнис форумот ќе можат да се претстават и стопански комори и здруженија од наведените области.

Бизнис форумот ќе се состои од една пленарна седница во која ќе се направи осврт и на финансиските инструменти, а во продолжение ќе се подели на тематски панелни дискусии кои ќе се одржат паралелно, посветени на одбраните сектори: енергија и животна средина, инфраструктури и иновации.

Во попладневниот дел ќе бидат организирани бизнис средби помеѓу компаниите и институциите од шесте земји гостинки и италијанските компании кои ќе се пријават за учество.

Делегација на Стопанска Комора на Мал Бизнис

Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија подготви платформа за учество на предстојниот Бизнис Форум согласно стандардите за учество: референтни, високо квалитетни и ЕУ сертифицирани партнери.

Групациите во Комората: „Национален Конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој„ и „Германскиот Технички Клуб„ за најавените проектни активности во Западен Балкан извршија консултации на работниот состанок за време на годишниот настан „Македонски ден за енергетска ефикасност 2017„ на 3 Март 2017 г. поддржано од Индустриската Комора на Нинберг, Германија, http://www.energymanager.eu/ ; Институт Јозеф Стефан - Центар за Енергетска Ефикасност, Љубљана, Словенија; Енергетски Бизнис Институт, Виена, Австрија; Мета Групација, Италија; 8-ма Меѓународна Конференција на европски енергетски менаџери и Здружението „ЕУРЕМ МК„

Пријавување учество

Основните критериуми за членство во Националниот Конзорциум и Гермaнскиот Технички Клуб се основа за платформата за соработка која Комората ќе ја понуди на предстојниот Бизнис Форум во Трст, Италија:

- поседување меѓународна сертификација и искуство за изработка и управување со проекти за енергетска ефикасност и одржлив развој
- членство во Здружението ЕУРЕМ МК (сертифицирана обука за енергетски менаџер по програмата http://www.energymanager.eu/ или
- сертифицирана обука за енергетски менаџер, енергетски проект-менаџер, изработка на проекти за одржлив развој по релевантан меѓународна програма
- референци за учество во инфраструктурни или проекти за реконструкција од областа на енергетика или енергетска ефикасност
- членство во Комората на Мал Бизнис - Premium членство за носители на проекти и Basic членство за под-изведувачи

Ве повикуваме за активно приклучување во подготовките на платформата на Комората за учество на предстојниот Бизнис Форум.

Контакт лице Слободан 070 271 901 или slobodan@sbch.org.mk